Шведската академија денеска објави дека ќе го одложи доделувањето за овогодинешната Нобелова награда за литература – првпат по речиси 70 години, објави „АФП“.
– Шведската академија има намера да донесе одлука и да ја прогласи Нобеловата награда за литература за 2018 година заедно со името на лауреатот за 2019 година – соопшти Академијата.
Во одредени периоди на војна и социо-економски превирања во Европа, Нобеловата награда за литература исто така не е доделена. Таква беше ситуацијата во 1914, 1918, 1935 и во периодот 1940-1943 година.
Сепак, ситуацијата сега е поинаква поради скандалот што ја поткопува довербата во шведската академија, која се наоѓа во длабока криза по оставката на постојаниот секретар Сара Даниус на 12 април.
Даниус, кој ја доделува Нобеловата награда за литература, се повлече од функцијата по внатрешен спор во институцијата кој го вклучува името на нејзиниот сопруг обвинет за сексуално вознемирување и прелиминарно откривање на имињата на оние кои се удостоени со престижни почести.
Одлуката за одложување на доделувањето ан наградата беше донесена по тричасовната средба на членовите на Академијата во Стокхолм.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.