| четврток, 6 декември 2018 |

Британскиот писател Казуо Ишигуро е добитник на Нобеловата награда за литература

Британскиот писател Казуо Ишигуро е добитникот на Нобеловата награда за литература за 2017 година, објави Шведската академија.

Во конкуренција на Маргарет Етвуд, Нгуги Ва Тионго и Харуки Мураками, кои важеа за фаворити за годинашната награда, изборот на 62-годишниот Ишигуро е изненадувачки.

– Во прв момент кога слушнав помислив дека е измама. Ова е огромна чест за мене, особено затоа што влегувам во друштвото на најголемите писатели во историјата – изјави Ишигуро, кој е роден во Нагасаки.

Наградата е доделена на писателот кој во романите со големи емотивни падови открива бездна под нашето илузорно чувство на поврзаност со светот“, се наведува во образложението од Шведската академија. Наградата ќе му биде врачена на 9 декември на свечена церемонија во Стокхолм, заедно со другите лауреати.

Ишигуро е роден 1954 година, и по потекло е од Јапонија. Дипломирал на Универзитетот „Кент“ во 1978 година, а магистрирал на Универзитетот „Источна Англија“ во 1980 година. Писателската кариера ја почнал во 1981 година.

Списанието „Тајмс“ во 2008 година го вброи на листата 50 најголеми британски писатели од 1945 година.

Тој досега има објавено осум книги, кои се преведени на повеќе од 40 јазици, а „Остатоците од денот“ и „Не ме пуштај никогаш“ беа адаптирани во успешни филмови. За „Остатоците од денот“ ја доби и престижната награда „Букер“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top