| четврток, 6 декември 2018 |

Во Германија запленет хероин во вредност од 50 милиони евра

Во Германија се запленети 330 килограми хероин, чија вредност е проценета на 50 милиони евра, соопшти денеска полицијата наведувајќи дека три лица се уапсени. Хероинот е прошверцуван од Иран во товар во кој се наоѓале краставички и лук.

Канцеларијата на германската федерална криминалистичка полиција соопшти дека сомневањето за шверцување на хероинот е одговорна сириско-ирачка криминална група која е активна повеќе години.

Дрогата е запленета на 22 септември во Есен, пренесе агенцијата АП.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top