Откако неодамна Тања Царовска се откажа од настапот на „Скопски фестивал“ и од евровизиската трка, следен тоа го направи и познатиот музичар Сашо Гигов-Гиш.
– Kога го прифатив учеството, не ми беше познат целиот концепт. Не се чувствувам подготвен за Евросонг, а и не ми се допадна целата приказна – изјави Гиш за „Дневник“.
Тој требал да се натпреварува со блуз-тема на Давор Јордановски, но сега неговото место ќе го пополни младата пејачка Нина Јанева, која вчера се пофали на социјалните мрежи.
– Секогаш е чест и задоволство да се настапува со ревискиот оркестар на МРТ. Здраво, Скопски фестивал – напиша таа.
Како замена за Тања Царовска, на листата се најде Сара Мејс.
Уметничкиот директор Валентино Скендеровски сѐ уште без официјална потврда.
– Не можам да ви потврдам ништо официјално. Сѐ уште не е комплетирана листата со изведувачи – беше неговиот коментар.
Оваа година учесникот на Евровизија ќе се одбере токму на „Скопски фестивал“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


