| четврток, 6 декември 2018 |

Ресенчанката Тања Царовска доби „Греми“

Наградата Grammy 2012 за инструменталниот албум ја освои познатиот Американец, музичарот Крис Ботти, за својот албум „Impressions” во кој има и една заедничка изведба со ресенчанката Тања Царовска

 tanja carovska

Во неделата на 10.02.2013 година во легендарниот Холивуд, се одржа музичкиот Оскар – GRAMMY ( најголема светска музичка награда), на кој зедоа учество музичари од цел свет.

Музиката е напишана од оскаровецот Габриел Јарет, текстот за хорот е на Тања Царовска, која со нејзиниот прекрасен глас  во нејзин препознатлив стил го надополнува прекрасното свирење на Ботти.
Минатата година Ботти, заедно со својата музичка екипа  специјално од Лос Ангелес допатува во Лондон, за да ја сними песната заедно со  Танја Царовска во  познатото лондонско студио AIR, сопственост на Џорџ Мартин, менаџерот на легендарни Биталси . По снимањето, Крис Ботти, презадоволен ја поканил Тања за идна соработка. Песната „Севдах” која заеднички ја снимија се најде на албумот кој ја понесе наградата Grammy за најдобар инструментален албум.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top