
Тања Царовска, пејачката и авторка со интернационална кариера, првично се повлече како изведувач, но подоцна се премисли и на 12 ноември ќе ја видиме на сцената во „Метрополис арена“ кога ќе се избира македонскиот претставник на Евросонг 2015 година. Од фестивалот очекува да расте и да се усовршува секоја година, а најголем предизвик, како што вели е да остави убави нешта што ќе допрат до што повеќе луѓе. За неа, тоа било повредно од сѐ останато.
– Kога имав 15 години, на Скопски фестивал ми примија песна како анонимен автор. Практично бев дете, најмлад композитор таа година, а веројатно и воопшто во историјата на фестивалот. Скопски ми ја даде првата шанса да се презентирам како автор и изведувач на сцената кај нас, а тоа индиректно ми даде огромна поддршка да продолжам да создавам музика и да верувам дека ништо не е невозможно. По толку години поминати на странски сцени, сметав дека сега е време да се оддолжам – објаснува таа за Дневник.
Тања Царовска е автор на уште една потенцијална евровизиска песна која ќе ја отпее Мијата, која исто така очекува добро претставување и добар прием кај слушателите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


