Сега е време за сплотување на македонскиот народ и сите треба да останат во одбрана на земјата, порача денеска Сашо Гигов -Гиш, кој беше еден од неколкуте уметници кои вечерва се обратија на протестите на граѓанската иницијативата „За заедничка Македонија“.
– И Мијаци, Брсјаци…Сите заедно да се собереме за нашата Македонија – порача Гиш.
Како и досега, најмасовно е на улиците низ Скопје. Знамиња, зурли, тапани, патриотски песни, како и и голем број транспаренти за одбрана на и унитарноста на Македонија можат да се видат низ градовите во земјава.
Покрај Скопје, вечерва народ излезе и во 20 други градови низ земјава. Велес, Битола, Кавадарци и го кренаа својот глас против секакви обиди за нарушување на унитарноста на државата и против потклекнување пред платформи направени во туѓи држави, кои се направени за нечии туѓи интереси.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Илиевски: Наша должност е на идните генерации да им оставиме земја во која ќе живеат заеднички, мирно и достоинствено
-
„За заедничка Македонија“ : Сигурно е дека битката за правда и вистина продолжува, нашиот отпор е наша должност
-
Штипјани порачаа: Предвремени избори се единствен излез од кризата (Фото)
-
Охриѓани повторно со поддршка за иницијативата „За заедничка Македонија“