
– Жолтицата полека, но сигурно ја ставаме под контрола. Нема нови случаи и генерално очекуваме така и да остане – рече министерот за здравство, Никола Тодоров.
Тој додаде дека има уште заболени од жолтица.
– Но, трендот на заболување е намален и, за среќа, немавме посериозна експлозија на зараза – додаде Тодоров.
На 22 август 2014 година во Скопје беше прогласена епидемија на жолтица со 66 случаи, а во Штип неколку денови претходно, исто така, се прогласи епидемија на хепатит. Заболените лица беа на возраст од три до 60 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


