Голманот на Челси Петр Чех, по враќањето на Тибо Куртоа во тимот, е незадоволен од својот статус во клубот.
Прв избор на голот на „сините“ за Жозе Мурињо е Тибо Куртоа. Ваквата состојба не е поволна за Чех, кој одигра само еден натпревар откако во последното коло од Премиер лигата влезе во игра од клупата за резерви наместо повредениот Куртоа.
– Немам разговарано со никој во клубот, но мислам дека сите добро ја знаат состојбата. Таа не онаква каква ја замислувам, доколку мојата ситуација не се подобри, тогаш ќе мора да се разреши, изјави Чех, кој се наоѓа на подготовки со Чешка во пресрет на квалификацискиот дуел со Турција.
32-годишниот Чех во Челзи е од 2004 година, а во периодот од тогаш до крајот на ланската сезона беше еден од најстандардните и најзаслужните за успесите на тимот од Лондон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


