| четврток, 6 декември 2018 |

Со победа против Задар, МЗТ Скопје ја сефтоса новата сала

Со победа против Задар, македонскиот првак МЗТ Скопје ја сефтоса новата сала во населбата „Аеродром“. Металците по две години пауза се вратија на свој терен во ново руво, во прекрасниот дом „Јане Сандански“ и со поддршка на навивачите го надиграа и победија Задар со 72-58 во второто коло од Јадранската Лига.

МЗТ Скопје постојано водеше од самиот почеток и навести дека ќе ги освои првите бодови во Регионалната лига по стартниот пораз од Мега Визура на гости.

Триото интернационалци кај македонскиот шампион, Цветковиќ, Цинцадзе и Маринковиќ беа лидери во солидниот настап на МЗТ Скопје. Тие искомбинираа заедно 42 поени, а добра вест за Змаго Сагадин е и настапот на канадскиот репрезентативец Класен, кој имаше здравствени проблеми во текот на минатата и оваа недела. Класен одигра дваесетина минути во деби настапот за МЗТ Скопје.

Кај Задар најефикасен беше Собин со 12 поени.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top