Голема колона белградски студенти тргнаа денеска од платото кај Филозофскиот факултет кон зградата на Министерството за образование со барања за подобрување на условите за студирање. Колоната поминала низ центарот на градот, а со студентите од Вождовац ќе се сретнат на плоштадот „Славија“.
Студентите носат транспаренти „Кога неправдата станува закон, отпорот станува должност“, „Кого го лажете“ и „Зашто пак ние“.
Студентите не се задоволни со усвоените измени на Законот за високо образование, а пред сè со укинување на апсолвентскиот стаж и помал број испитни рокови.
Најавени се протести и во Нови Сад и во Косовска Митровица, а утре и во Нови Пазар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


