| четврток, 6 декември 2018 |

Роберто ди Матео ќе седне на клупата на Шалке

Италијанскиот фудбалски тренер и поранешен прв човек на клупата на Челси, Роберто ди Матео, денеска официјално ќе биде промовиран за шеф на стручниот штаб на германскиот клуб Шалке.
Ди Матео доаѓа во Гелзенкирхен на местото на Јенс Келер, кој беше отпуштен од управата на клубот поради слабите резултати. Од клубот му заблагодаруваат на Келер за сѐ што направил досега за тимот.
Италијанецот е без работа од ноември 2012 година откако доби отказ од Челси иако претходната сезона го оствари сонот на „сините“ од Лондон освојувајќи ја долгоочекуваната титула во Лигата на шампионите.
Тој ќе потпише тригодишен договор со важност до 2017 година и неговото деби на клупата на Шалке се очекува да биде против Херта во рамките од германската Бундеслига што ќе се игра на 18 октомври.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top