| четврток, 6 декември 2018 |

Муџахедините на Исламската држава убиваат со српски и со босански куршуми

Protest in BaghdadКрвавите борби за стратегискиот пограничен сириски град Кобане сè уште траат. Градот го бранат Курди, кои се недоволно вооружени и постојано праќаат пораки до меѓународната заедница да им достави оружје.

Од друга страна, силите на Исламската држава располагаат со значително помоќно тешко оружје. Во последните истражувања е потврдено дека муницијата што ја користи ИСИЛ доаѓа од 21 земја. Најмногу од Кина, Русија и САД, но и од Србија и од Босна. Воздушните напади на САД, пак, не се доволно во целост да ги скршат силите на ИСИЛ.

Во текот на бомбардирањето на градот Кобане паднале неколку гранати на турска територија, но Анкара засега сè уште не донела одлука за воено учество во коалициските напади. Градот на сириско-турската граница останува клучна точка, која би можела да го одреди натамошниот развој на воените операции во Сирија, каде што силите на претседателот Башар ал Асад се преслаби или недоволно мотивирани да се спротивстават на ИСИЛ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top