| четврток, 6 декември 2018 |

Дали има виновници за несреќата на Бјанки?

бјанки.1

Трката за ГН на Јапонија во Формула 1, заврши на најлошиот начин, со тешка несреќа по која младиот француски возач Жул Бјанки (25) се бори за живот. Но, нешто што ја подели Формула 1 е прашањето, дали беше можно да се избегне оваа несреќа и кој е крив за тоа? Некои од возачите сметаат дека можело да се избегне несреќата. Трката наводно требала да се вози порано за да се избегна невремето, но промотерите не сакале ниту да чујат за оваа опција.

-Трката требаше да стартува порано и порано да заврши. Викав на цел глас преку радио врската дека условите за возење се се потешки и дека мора да биде прекината – изјави пилотот на Вилијамс, Фелипе Маса.

Французинот налета на едно од возилата задолжено за тргање на болидите од патеката, откако претходно на истото место се удри и Германецот Адријан Зутил. Спорно е тоа што се се случи без бебедносното возило на патеката, а да беше повикано немаше да дојде до несреќата.

-Не може да се каже дека е направено нешто погрешно. Несреќата на Зутил се случи подалеку од тркачката линија и во нормални околности не би расправале за тоа, бидејќи болидот веднаш ќе беше отстранет. Кога болидот е толку близу паркиран до оградата, ваквата одлука е добра. За жал овој пат се покажа како погрешна. Мотоспортот е опасен. Се навикнавме ништо да не се случува и сега сите сме изненадени – вели поранешниот возач во Ф1, Ники Лауда.

Покрај поделените мислења во Формула 1, се уште нема одговор за тоа кој е крив зошто еден пилот се бори за живот

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top