| четврток, 6 декември 2018 |

Фетел: Ова е почеток на љубовта со „Џина“

Motor Racing - Formula One World Championship - Mexican Grand Prix - Race Day - Mexico City, Mexico

Себастијан Фетел и новиот болид на Ферари кој тој од милост го нарече „Џина“, викендов ја отворија новата сезона во Формула 1 со победа на трката за ГН на Австралија во Мелбурн. За четирикратниот шампион во Ф1 ова е прва победа од 2015 година, а за Ферари враќање на лидерската позиција по цели четири години.

„Во Мелбурн се виде колку беше напорно за нас во последниве неколку месеци. Најпосле симнавме голем товар од грбот. Сега треба да продолжиме во ист ритам и да останеме фокусирани“ – изјави Себастијан Фетел по триумфот во Мелбурн.

Германецот изрази задоволство од добро завршената работа во Ферари и од перформансите на неговата „Џина“.

– За прв пат „Џина“ беше фантастична. Се надевам дека ова е само почеток на една голема љубов. По тешкиот старт на ланската сезона и тешките зимски подготовки во кои вложивме многу труд за да го подготвиме овој болид, сега се почувствував исклучително добро зад воланот. Напорната работа конечно се исплати. Во Ф1 секој се обидува да направи најдобар болид, некогаш тоа успева, некогаш не. Но сега за нас работите конечно се подредија. За тимот беше многу важно да добиеме малку мир и нови идеи за напередок. Во изминатите неколку години Мерцедес беше мерило кој до каде е. Да видиме како ќе биде оваа сезона – вели Фетел.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top