| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе се продава болидот на Шумахер

Болидот на Ферари од 2001 година кој го управувал Михаел Шумахер ќе биде понуден на аукција во Њујорк.

Како што пренесуваат американските медиуми, аукцијата во „Сотби“ ќе се одржи на 16 ноември, а организаторите веруваат дека болидот на легендарниот Германец ќе биде продаден за повеќе од четири милиони долари.

„Среќни сме што сме дел од прославата на 70-годишнината на Ферари. Подготвени сме да го понудиме болидот на Михаел Шумахер од 2001 година“, рекол шефот на аукцијата во Њујорк, Грегуар Бијо.

Шумахер во 2001 година ја освои четвртата шампионската титула во Формула 1. Подоцна Германецот уште трипати стана светски првак.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top