
Финецот Кими Раиконен го подобри најдоброто време на колегата Себастијан Фетел на последното тестирање во Барселона, прв поставувајќи време под 1:19 минута за Ферари.
Најдоброто време на Фетел од 1:19.024 ги загреа надежите дека Скудерија имаат супер-брз болид со кој ќе ги предизвикаат Мерцедес, а Раиконен го потврди тоа со круг од 1:18.634, најдобро време во утринската сесија со предност од речиси една секунда.
Трикратниот светски шампион Луис Хамилтон изјави дека Ферари „блефираат“ и дека намерно поставуваат послаби времиња од своите можности пред стартот на сезоната во Австралија на 26 март.
Валтери Ботас заостана повеќе од една секунда зад Ферари на четвртото место на истите „супер-меки“ гуми. Хамилтон ќе вози во попладневната сесија.
Холанѓанецот Макс Ферстапен беше втор најбрз за Ред Бул, додека мизеријата за Фернандо Алонсо и Мекларен продолжи откако тој застана со истите проблеми со електрониката како Штофел Фандорне во четвртокот. Тој на крајот комплетираше само 19 круга.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


