| четврток, 6 декември 2018 |

ИСИЛ стигна до турската граница, турските тенкови на одбранбена позиција

isil-zastava-foto-reuters-1412600304-578788

Џихадистите од Исламска држава (ИСИЛ) денеска го поставија своето знаме на една зграда во сирискиот град Кобане, стратешки важниот град на границата со Турција, изјави претставник на турската војска. Во Кобане од средината на септември се водат борби меѓу курдските сили и припадниците на ИД за контрола над тој стратешки град.

Kurds protest against Islamic State

На телевизиските снимки снимени од Турција може да се види црно знаме, кое најверојатно припаѓа на ИД, како се виори над една четирикатна зграда.

Неименуван турски воен  офицер изјавил дека се работи за знаме на ИСИЛ кои од почетокот на летото зазеле голема територија на Сирија и Ирак и прогласиле калифат.

Сириската опсерваторија за човекови права, невладина организација со седиште во Велика Британија соопштила дека вчера загинале 45 луѓе во борбата за Кобане, вклучувајќи и една припадничка на курдската заедница која извршила бобмашки напад и убила неколку џихадисти.

Од турската страна на границата најмалку 14 тенкови на турската армија зазеле одбранбена позиција на брдото над стратешкиот град. Се слушаат жестоки пукотници и се гледаат облаци со црн час. Една залутана граната што била испалена за време на денешните судири меѓу кирдските и џихадистичките сили погодила куќа и продавница кои се наоѓале на турската страна од границата. Никој не бил повреден. Вчера во сличен инцидент се повредени најмалку четворица луѓе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top