| четврток, 6 декември 2018 |

Лоциран муџахединот Џон, Камерон го бара жив или мртов

Беспилотните летала од моделот „Ривер“, кои го набљудуваат сирискиот град Рака, го идентификуваа местото на престој на ексекуторот на странските заробеници од Исламска држава.

Second US journalist beheaded by militants

Станува збор за таканаречениот муџахедин Џон, кој се појавува на видеата на кои ги екзекутира заробениците со сечење на главата.

Од британските служби беше објавено дека тој е Британец, откако од страна на специјалисти за бојата на гласот беше откриен по неговиот специфичен британски акцент, притоа дознавајќи го неговиот идентитет, кој засега сè уште не е објавен во јавноста од безбедносни причини, под сомнение за негова можна поврзаност со други личности од Велика Британија.

Но сега беспилотните летала и британските служби точно ја знаат неговата локација и локацијата на заробениците. Од друга страна, пак,  шефовите од службите стравуваат од интервенција на специјалните сили, стравувајќи дека операцијата можи да пропадни поради големиот број на џихадисти од ИД ки ги чуваат нив.

Според британскиот печат, раководните лица на специјалните служби на Министерството за одбрана во Лондон му препорачаа дека една постојана воздушна офанзива би била најдобрата опција во овој момент

Американците имаат околу 100 авиони од овој тип на беспилотни летала, но не се знае колку од нив моментално ја прелетуваат Сирија и иако британскиот премиер Камерон побара пронаоѓање на екзеуторот, останува да се види дали ќе има некоја заедничка американско-британска операцијан како таа кога беше убиен Осама бин Ладен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top