Познати светски бизнисмени, високи државни претставници, инвеститори се очекуваат да присуствуваат на вториот Глобален инвестициски самит што во октомври ќе се одржи во Охрид во организација на „Македонија 2025“.
Како што е најавено, самитот ќе ќе биде насочен кон зајакнување на националната конкурентност со стимулирање на иновацијата, претприемништвото и трансферот на стручното знаење.
Се очекува учесниците да дискутираат за клучни прашања поврзани со конкурентноста на Македонија, како и за инфраструктурата и енергијата, технолошката подготвеност, развојот на финансискиот пазар и ефикасноста на пазарот на работниците.
Организаторите очекуваат настанот да понуди преглед на тековната економска и политичка рамка во контекстот на претпристапниот период на Македонија во ЕУ и да ги прикаже приоритетите за одржливи долгорочни инвестирања во инфраструктурата, транспортот и развојот на ICT инфраструктура, природните ресурси, енергијата и обновливата енергија, производството и истражувањето и развојот на човечки ресурси.
Првиот Глобален инвестициски самит меѓу дијаспората и македонската деловна заедница „Македонија 2025“ го организираше минатата година во Охрид. На самитот учествуваат повеќе од 350 странски и домашни бизнисмени и високи државни претставници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.