| четврток, 6 декември 2018 |

Митровски: Државата овозможува мултимилионски бизнис со канабис, а граѓаните ги гони како криминалци

Десетина граѓани, меѓу кои и личности од јавниот живот, се собраа пред Основното јавно обвинтелство во Скопје да го изразат незадоволството од одлуката на кривичниот суд во Скопје, по предлог на надлежен јавен обвинител, да ѝ определи 30-дневен притовор на Моника Ристеска, која се наоѓа во затворот во Шуто Оризари.

Протестот се одржа под слоганот „И јас сум Моника, апсете ме“. Обвинителството претходно соопшти дека активистката за легализација на марихуаната, Моника Ристеска, е осомничена дека во текот на 2017 и 2018 година во повеќе наврати неовластено набавила наркотична дрога марихуана, од која со понатамошна преработка добивала наркотична дрога хашиш и други опојни средства, кои потоа ги продавала во Скопје.

Нејзиниот адвокат, Јанаки Митровски, рече дека е недозволиво државата да овозможува мултимилионски бизнис со канабис, а да ги гони граѓаните што се уживатели како криминалци.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top