| четврток, 6 декември 2018 |

Алегри: Заслуживме да победиме!

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, по, во најмала рака, контраверзната одлука за победа на својот тим во дербито од Серија А против Рома, даде уште поконтраверзна изјава.
По натпреварот, многу медиуми го оценуваа судењето во кое главниот судија досуди дури три поенали.
Алегри не се осврна на тоа туку рече дека Јувентус забележил заслужена победа.

– Задоволен сум од играта и од резултатот. Јувентус е одличен тим, тренирам извонредни играчи, а победата станува полесна. Мислам дека овој натпревар ја покажа нашата сила и забележивме заслужена победа – изјави Алегри по натпреварот.

Алегри во продолжение додаде дека резултатот ја отсликува малата разлика во квалитет меѓу неговиот тим и „римската волчица“.

– Верувам во овој состав и посакувам да освоиме уште една титула. Сепак, Рома покажа дека е силен тим и достоен противник. Трката за „Скудетото“ ќе биде многу интересна – додаде Алегри.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top