| четврток, 6 декември 2018 |

Четири Хрватки меѓу борците на Исламска држава

Шефицата на хрватската дипломатија Весна Пусиќ изјави дека четири државјанки на Хрватска се омажиле за борци на групата Исламска држава (ИД) и дека хрватските власти ги следат овие случаи.

isil

– Вкупно има четири наши членки на ИД. Тие не се заминати таму да војуваат, туку како сопруги. Омажени се и живеат заедно со борците на ИД. Тие се наоѓаат на територијата што ја контролира ИД и имаме информации за нив преку соодветни служби, како и од соработката со други меѓународни служби – изјави Пусиќ додавајќи дека го следат секој нивни контакт со други луѓе во Хрватска или со нивните блиски.

Претходно косовските медиуми, јавија дека две поранешни жителки на Загреб, деновиве биле ранети при водушните напади во Раѓа, кој се смета за главен град на калифатската држава.

Како што пренесуваат косовските медиуми, станува збор за Фатима Махмудовиќ и Дора Балиќ. Махмудотвиќ, по потекло од селото Сладна, есента 2013 година заедно со синот Јасмин заминала за Сирија, каде што нејзиниот постар син Мирзат војувал на страната на ИД повеќе од 1,5 година.

Загрепчанката Дора Балиќ, пак, пред две години го примила исламот, по што заминала да живее во босанска Горна Маоча. Кусо потоа се омажила и заедно со сопругот заминале во Сирија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top