По објавувањето на автобиографија на Жерар Депадје, во која тој открива детали на неговото „беснеење” во младоста, актерот стана лошото момче на францускиот филм, објави „Индепендент“.
Тој во книгата пишува за ограбување гробови во неговата неговата младост, за тепачки и за шверцување цигари, но и за проституцијата. Тој тврди дека минал три месеци во затвор поради кражба на автомобили и дека неговиот учичиштен распуст го минувал во јавните тоалети на аеродромот „Орли“, каде што работела баба му.
Но, најшокантно признание во неговата книга „Така беше“ (Ça s’est fait comme ça) е дека тој, всушност, никогаш не требало да се роди.
– Ги преживеав сите малтретирање кои мојата кутра мајка ги вршеше самата врз себе со игли за шиење и со други предмети. Всушност, ја бев третото дете кое не го сакаше. Но, преживеав – вели актерот во книгата.
Мајката му раскажала дека кога била бремена со него, имала намера да го напушти нејзиниот сопруг.
– Teшко ми е да помислам дека за малку ќе те убиев, му рекала таа на Депардје многу години подоцна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


