| четврток, 6 декември 2018 |

Гарсија кон судијата: Само свири виолина (видео)

Дербито на шестото коло од Серија А се одигра во Торино, при што Јувентус со резултат 3-2 ја совлада Рома, но тренерот на „волчицата“ Руди Гарсија по натпреварот беше лут на судијата Џанлука Роси поради тоа што досуди два пенала за „старата дама“.

Судијата Роси во првите 45. минути од натпреварот досуди дури три пенала. Два за Јувентус и еден за Рома. Двата тима го завршија мечот со по десет играчи на теренот, а и тренерот на Рома беше исклучен поради свирење виолина.

Руди Гарсија незадоволен од делењето на правдата на првиот судија на натпреварот, Џанлука Роки, додаде дека нивниот шеснаесетник во Торино бил поголем.

– Не сакам да зборувам за тоа, туку само за фудбал. Имавме свои шанси за да ги докрајчиме, и самите сме виновни за поразот. Но, штета што нашиот казнен простор е 17 метри – иронично изјави тренерот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top