Центрите за лечење ебола во Либерија се пребукирани со пациенти кои се болни или умираат. Пациентите ги делат креветите, а умрените од ебола лежат покрај заболените. Голем број заболени од ебола умираат сами на улиците.
Само во оваа земја починаа речиси половина од вкупниот број починати од ебола во светот, иако претседателот на Либерија тврди дека ситуацијата е под контрола.
Заедницата е во страв поради вирусот и уплашените граѓани одбираат да умрат сами, без лекарска помош. Десетина жртви од ебола умираат во своите домови, што ги зголемува шансите за ширење на вирусот.
Службените податоци за бројот на жртвите не се точни, туку се многу поголеми, тврди „Скај њуз“.
Тимови составени од медицински лица секојдневно се борат против смртоносниот вирус. Тие доаѓаат кога семејствата ќе пријават смртен случај, но семејствата кријат дека роднините им починале од ебола. Не сакаат да бидат изолирани од целата заедница. Но, со тоа се доведуваат себе и другите во опасност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.