| четврток, 6 декември 2018 |

Иван Ивановиќ и се врати на поранешната сопруга

Српскиот водител кој пред неколку дена заврши во болница поради проблеми со срцето и се врати на поранешната сопруга Зорица, со која се разведе пред две години.

Иван и Зорица одлучиле да и дадат уште една шанса на љубовта, па во последните неколку месеци константно се гледале  и уживале во заедничките моменти со нивната ќерка. Откако Иван поминал два дена во болница, токму Зорица била таа која ја преземала грижата за него, а тоа го докажува и статусот кој Иван го поставил на „Твитер“.

– Се разбудив покрај жената која ја сакам… Заборавив колку тоа е убаво, напишал водителот.

Извор близок до нив вели дека тие сфатиле дека премногу избрзале со одлуката да се разведат. Заклучиле дека се сакаат и дека никогаш не престанале да се сакаат, а ги раздвоиле работните обврски на Ивановиќ и тоа што немал време да и се посвети на Зорица и ќерката. Сега работите се поинаку, тој своето слободно време им го посветува нив.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top