Регионалните медиуми пренесуваат дека водителот Иван Ивановиќ има нова љубов.
Како што пишуваат медиумите името на новата девојка на Ивановиќ е Николија Радојевиќ. Николија е 15 години помлада од актуелниот член во жирито на шоуто „Твоето лице звучи познато“.
-Тие двајца се знаат две – три години и од секогаш постоеле симпатии помеѓу нив. Кога и да е во друштво на Николија, Иван потполно се менува. Познато е дека сака да биде гласен и да го има главниот збор, но со Николија е поинаку. Изгледа дека многу се вљубил. Тој е внимателен кон неа и ја исполнува секоја нејзина желба – навел добро информиран извор за српскиот Блиц.
Ивановиќ ги подгреа чаршиските муабети откако сподели фотографија на која е во прегратка на Николија, но веднаш потоа ја тргна од својот Инстаграм профил.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.