По четири години барање на онаа вистинската Иван Ивановиќ (41) конечно ја најде Николија Радојевиќ (26).
Иван по разводот го поврзуваа со различни девојки со кои бил виден во друштво за време на бурните кафеански ноќи но неодамна сфатил дека единствената девојка со која се гледа во иднина е младата Николија.
-Тие двајца се знаат две – три години и од секогаш постоеле симпатии помеѓу нив. Кога и да е во друштво на Николија, Иван потполно се менува. Познато е дека сака да биде гласен и да го има главниот збор, но со Николија е поинаку. Изгледа дека многу се вљубил. Тој е внимателен кон неа и ја исполнува секоја нејзина желба – навел добро информиран извор за српскиот Блиц.
Иван во 2012 година се разведе од сопругата Зорица бидејќи како што кажал едноставно патиштата им се разделиле но останале во одлични односи. Често се гледаат поради обврските кон ќерката Сташа.
Младата Белграѓанка која му го помати умот на познатиот водител се дружи со голем број естрадни личности. На социјалните мрежи може да се види дека таа се допишува со голем број од нив. Оваа убавица ја сметаат за една од најубавите девојки во Белград.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.