| четврток, 6 декември 2018 |

Дара Бубамара соопшти дека го напушта шоуто „Твоето лице звучи познато“?!

Пејачката Дара Бубамара која го прифатила учеството во музичкото натпреварување „Твоето лице звучи познато“ наводно решила да го напушти шоуто поради Иван Ивановиќ и Владо Георгиев.

20771_dara-bubamara-blic-goran-srdanov_af

Тие двајца, како членови на жирито, често ја навредувале пејачката, а сега и ја саботираат.

Прво и кажаа дека има нозе како Неша Бриџис, потоа дека пее како Ѓоша, а колку и да се труди Дара, секогаш и даваат мали поени.

Бубамара и соопшти на продукцијата на ТЛЗП дека ќе го напушти шоуто, затоа што не сака и нема да дозволи Владо и Иван да и го рушат угледот и кариерата.

73699_untitled-8_iff

Продукцијата меѓутоа решила прво да се обиде да ја смири ситуацијата. Како што пренесуваат медиумите продукцијата свикала состанок со Дара, Ивановиќ и Георгиев на кој би требало да ги разгледаат недоразбирањата и да ја решат ситуацијата во полза на шоуто на што пејчката пристанал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top