Борци на џихадистичката група Исламска држава (ИД) денеска јавно стрелаа шестмина ирачки војници во провинцијата Анбар, каде групата продолжува да остварува победи и покрај кампањата и воздушните напади на меѓународната коалиција, предводена од САД, соопштија очевидци.
Тие тврдат дека војници, од кои еден во униформа и петмина во цивилна облека, биле построени од џихадистите до ѕид во градот Хит и стрелани во глава.
Истовремено, активисти на ИД фрлиле бомба врз полициската станица во Хит, кој е оддалечен на околу 140 километри западно од Багдад.
Екстремистите влегоа во градот Хит пред четири дена, што е нивна најнова победа врз ирачката војска во провинцијата Анбар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



