| четврток, 6 декември 2018 |

Диви: Докажавме на Европа што е ракомет!

vardar-rakomet-12

Петар Ангелов – Диви, ракометниот голман на Вардар по победата над Чеховски Медведи во 2. коло од Лигата на шампионите е воодушевенн од навивањето во новиот спортски дом на „црвено-црните“, салата „Јане Сандански“ во скопската населба Аеродром

– Докажавме на Европа што е ракомет. Одигравме европски ракомет и очекуваме да се пласираме меѓу првите 16 екипи во ЛШ – изјави популарниот Диви.

Тој смета дека ако се повтори вечерашната атмосфера во салата, во „Јане Сандански“ ќе паѓаат големи екипи.

– Ова е спорт, се е возможно. Наше е да се подготвиме – вели Ангелов.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top