Социјалдемократите се подготвени да застанат зад ВМРО ДПМНЕ во Кичево и во Струга на локалните избори доколку влсста е подготвена да поднесе заедничка советничка листа со опозицијата.
По повеќе месечните преговори на општинските организации за заеднички настап на локалниот маратон, и пораки преку медиумите, денеска од СДСМ и официјално велат дека немат против заеднички настап, но имаат услови.
Но, за владеачката ВМРО-ДПМНЕ барањето на опозиционерите е невозможно, поради технички причини.
Висок партиски функционер од ВМРО ДПМНЕ за „24 Вести“ вели дека проблемот е што тие веќе имаат поднесено советничка листа и нивните кандидати се потврдени и според нив не можат да ја повлечат листата. Според истиот функционер, ВМРО ДПМНЕ за соработка го нуди претседавачот на советот на опозицијата, како и директорски места во јавните претпријатија зависно од соодносот кој би го освоиле на посебните советнички листи.
Заеднички настап на локалните избори во Кичево, општинските организации на двете најголеми партии од македонскиот блок, заговараат уште од кога стана јасно дека со територијаланата распределба, од годинава Кичево станува доминатно албанска општина. Исто како што се случи со Струга во 2004-та. Во албанскиот блок, во Кичево нема да има кандидат ниту ДПА, и ќе го пооддржат кандидатот на ДУИ. За разлика од Кичево во Струга, Тачи кандидираше кандидат, како и Ахмети и Груевски. СДСМ ниту промовираше ниту кандидираше досега.
Според резултатите од последните парламентарни избори македонскиот политички блок во Kичевско освои 16.100 гласа, а албанскиот политички блок 11.800. Математиките се македонскиот блок на локалните избори да освои 17.000 гласа, а албанскиот блок меѓу 13.000 и 14 .000 гласа, вклучително со тие од дијаспората.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.