Ракометарите на Вардар ја забележаа втората победа во Лигата на шампионите откако во „Јане Сандански“ триумфираа со 39-28 над рускиот Чеховски Медведи.
Капитенот Филип Лазаров смета дека Чеховски Медведи не се толку слаби како што покажува вечерашниот резултат.
– Тие едноставно подлегаа на фантастичната атмосферата во салата- изјави Лазаров.
И Немања Прибак е задоволен од резултатот.
– Ваква публика нема никој. Се надевам дека постојано ќе биде вака кога ќе играме на домашен терен. Им честитам на Штербик и на Ангелов, тие денеска беа одлични на голот на Вардар – рече Прибак.
Во следното, 3. коло, Вардар е домаќин на германскиот тим Рајн Некер Ловен.
– Убеден дека ќе победиме и на следниот меч – додаде Прибак.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.