| четврток, 6 декември 2018 |

Супериорна и атрактивна игра на Вардар во првото полувреме

Во второто коло од Лигата на шампионите Вардар во својот нов дом СЦ „Јане Сандански“ на полувреме води со високи 12 разлика (24-12) против Чеховски Медведи.

vardar-rakomet-5

Во прекрасна атмосфера на отварањето на новиот спортски центар, навивачите направија вистинска атмосфера за паметање.
Понесени од пет илјадната публика избранците на Раул Гонзалес напаѓаа од сите расположливи сили. Располежените беа сите што добија шанса во нападот и постигнуваа ретко видени голови. Играчите на Чеховски Медведи не знаеја од каде да се чуваат. Дибиров, Дујшебаев и другарите ја „запалија“ публиката од самиот почеток.

vardar-rakomet-3

Дибиров постигна осум гола за само 30 минути игра, Дујшебаев пет, Шишкарев кој одигра само 10 минути постигна три.
На голот Арпад Штербик успеа да фати „само“ шест топки, но и немаше многу работа бладарејќи на одличните Лацковиќ и Абутовиќ во одбраната.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top