| четврток, 6 декември 2018 |

Металург поразен на гостувањето кај Мешков

metalurg-psg-5

Ракометарите на Металург се поразени на гостувањето кај Мешков Брест со 24-28 (10-12) во мечот од 2. коло од најелитната Лига на шампионите (ЛШ). Ова е втор пораз за тимот од Автокоманда, кој на почетокот од ЛШ, на домашен терен загуби од ПСЖ. До 50. минута Металург беше во игра (19-20). Мешков имаше серија од 5-0 и Металург веќе не можеше да се врати во игра.

Во 20. минута Металург остана без Дејан Манасков, а Мешков Брест без Растко Стојковиќ. И двајцата беа директно исклучени, првиот поради груб старт врз противнички играч, вториот зашто сакаше да се пресмета откако судиите ја прекинаа играта.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top