| четврток, 6 декември 2018 |

ФЕЉТОН НА РЕПУБЛИКА: „Мрачното време на транзицијата“ – 1991 – година на сувереноста

Во ко­ле­ктив­на­та ме­мо­ри­ја на ма­ке­дон­ски­от на­род 1991 го­ди­на ќе оста­не за­па­ме­те­на ка­ко го­ди­ни на ма­ке­дон­ски­от ро­ман­ти­зам. Го­ди­на во ко­ја се вле­зе со пр­ви­от по­ве­ќе­пар­ти­ски со­став на пар­ла­мен­тот, кој ја до­не­се Дек­ла­ра­ци­ја­та за ма­ке­дон­ска су­ве­ре­ност, го­ди­на на ре­фе­рен­ду­мот за не­за­вис­ност, фо­то­гра­фии на кои се по­тсе­ту­ва­ме се­ко­ја го­ди­на во пре­срет на го­ле­ми­от др­жа­вен праз­ник, 8 Сеп­тем­ври. Но тоа е и го­ди­на во ко­ја се ра­ѓа­ше ат­мо­сфе­ра­та на еко­ном­ски­от при­ти­сок, по­ли­тич­ка­та ка­ри­е­ра на лич­но­сти што и де­нес се во цен­та­рот на акту­ел­но­сти­те

Во по­че­то­кот на 1991 Ма­ке­до­ни­ја вле­зе со пр­ви­от по­ве­ќе­пар­ти­ски пар­ла­мен­та­рен со­став. Во тоа вре­ме во Со­ци­ја­ли­стич­ка Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја над пре­тсе­да­те­лот на пар­ла­мен­тот сѐ уште стои сли­ка­та на веч­ни­от ли­дер на СФРЈ – Јо­сип Броз – Ти­то. Ма­ке­дон­ски прет­став­ни­ци учес­тву­ва­ат во до­го­во­ри­те на со­јуз­но ни­во за ид­ни­на­та на фе­де­ра­ци­ја­та, заг­ла­ве­на во еко­ном­ски ко­лапс и дви­же­ња за са­мо­стој­ност ме­ѓу Сло­вен­ци­те и Хр­ва­ти­те. Гли­го­ров, кој е до­го­во­рен за пре­тсе­да­тел на др­жа­ва­та, за­ед­но со бо­сан­ски­от ли­дер Изет­бе­го­виќ до­го­ва­ра пла­тфор­ма за оп­ста­нок на Ју­гос­ла­ви­ја. Во Ма­ке­до­ни­ја, пак, уште во ја­ну­а­ри, се су­ди­ра­ат глав­ни­те стре­ме­жи ме­ѓу две­те го­ле­ми по­ли­тич­ки оп­ции.

Пом­но­гу­број­ни­те пра­те­ни­ци на ВМРО-ДПМНЕ уште на кон­сти­ту­тив­на­та сед­ни­ца при­ти­ска­ат за дек­ла­ра­ци­ја за су­ве­ре­ност на Ма­ке­до­ни­ја. Нас­лед­ни­ци­те на Со­ју­зот на ко­му­ни­сти­те сме­та­ат де­ка глав­на точ­ка и це­лос­но­то вни­ма­ние на оваа сед­ни­ца тре­ба да е пла­тфор­ма­та за ју-са­ми­тот. Дек­ла­ра­ци­ја­та за су­ве­ре­ност на Со­ци­ја­ли­стич­ка Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја Со­бра­ни­е­то ја усво­ју­ва не­кол­ку де­на по­доц­на, на 25 ја­ну­а­ри. Два де­на по дек­ла­ра­ци­ја­та, Ки­ро Гли­го­ров е из­бран за ма­ке­дон­ски пре­тсе­да­тел. Љуп­чо Ге­ор­ги­ев­ски по два де­на е из­бран за пот­пре­тсе­да­тел на Со­ци­ја­ли­стич­ка Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја.

Во таа 1991 го­ди­на­та се вле­зе со еко­ном­ска со­стој­ба во ко­ја се­кој тре­ти вра­бо­тен е без пла­та, а се­ко­ја пет­та фир­ма не мо­же да им исп­ла­ти лич­ни до­хо­ди на сво­и­те вра­бо­те­ни. По­ве­ќе од 170.000 вра­бо­те­ни во Ма­ке­до­ни­ја не зе­ле пла­та за еден, два или за по­ве­ќе ме­се­ци. „Тие што до­бро ра­бо­тат или ба­рем има­ат средс­тва за пла­ти во мо­мен­тот во Ре­пуб­ли­ка­та се ви­стин­ски иск­лу­чок“, на­ве­ду­ва „Но­ва Ма­ке­до­ни­ја“. На фе­де­рал­но ни­во, ка­ко за­стра­шу­вач­ка се опи­шу­ва пре­вра­бо­те­но­ста во фе­де­ра­ци­ја­та. До­де­ка во 1990 го­ди­на ка­ко ви­шок се прог­ла­се­ни 200.000 ра­бот­ни­ци, за 1991 го­ди­на се сме­та де­ка нив­ни­от број ќе би­де 350.000. То­гаш и се отво­ра пра­ша­ње­то: „без еви­ден­ци­ја врз ко­ја ос­но­ва, со ка­ква ква­ли­фи­ка­ци­ја и ста­рос­на стру­кту­ра се оста­ну­ва без ра­бо­та и што ста­ну­ва со тие лу­ѓе?“

Стап­ка­та на по­раст на до­маш­ни­от бру­то-про­из­вод е во дла­бок ми­нус од 6,2 про­цен­ти, а под ну­ла­та ќе оста­не уште не­кол­ку го­ди­ни. То­гаш­на­та вој­на на за­пад­ни­те си­ли за да го ос­ло­бо­дат Ку­вајт од ирач­ка оку­па­ци­ја го чи­не­ше ма­ке­дон­ско­то сто­панс­тво 371 ми­ли­он до­ла­ри. Ште­ти до­жи­ве­а­ја „Емо“, „Фа­ком“, „Искра“, кои на тој па­зар на­ста­пу­ваа во тес­на вр­ска со гра­деж­на­та опе­ра­ти­ва. МЗТ, ФАС „11 Октом­ври“, Мер­мер­ни­от ком­би­нат При­леп, по­тоа дрв­на­та ин­ду­стри­ја стра­ву­ваа од не­нап­ла­те­на сто­ков­на раз­ме­на. Ду­ри шест тек­стил­ни прет­при­ја­ти­ја со око­лу 8.500 ра­бот­ни­ци за­ми­наа во сте­чај со не­нап­ла­те­ни сме­тки од Бли­ски­от Исток. Но ду­ри 60 про­цен­ти од дол­го­ви­те се од ор­га­ни­за­ции од Ср­би­ја.

До кра­јот на го­ди­на­та пред окруж­ни­от сто­пан­ски суд има 800 ба­ра­ња за сте­чај. Ра­бот­ни­ци­те штрај­ку­ва­ат. Во штип­ска „Бар­га­ла“ штрај­ку­ва­ат по­ра­ди тоа што три ме­се­ци не­ма­ат пла­та, ки­чев­ски­те за­на­ет­чии про­те­сти­ра­ат пред за­тво­ра­ње, а глад му се за­ка­ну­ва и на до­би­то­кот. Ду­ри и фор­ми­ра­ње­то на пр­ва­та, екс­перт­ска вла­да ги де­ли нас­лов­ни­те стра­ни­ци со ве­сти за бран штрај­ко­ви нас­ло­ве­ни „Зад се­ко­ја пор­та има не­за­до­волс­тво“. Ан­ке­та спро­ве­де­на од не­дел­ни­кот „Пулс“ го но­си ста­вот на Ма­ке­дон­ци­те: „Не­ма кур­тул од си­ро­ма­шти­ја­та!“. Во неа „про­сеч­ни­от“ ис­пи­та­ник сме­та де­ка еко­ном­ска­та кри­за го до­пре­ла дно­то, де­ка жи­вее про­сеч­но или под тоа, не­ма ни­ка­кви до­пол­ни­тел­ни при­хо­ди и не знае што ќе пра­ви ако оста­не без пла­та. Во ид­ни­на сме­та де­ка ќе му би­де по­ло­шо.

Де­вал­ва­ци­ја­та на то­гаш­ни­от ди­нар го по­ска­пи бен­зи­нот. Со де­виз­ни­те за­ште­ди над 1.000 гер­ман­ски мар­ки гра­ѓа­ни­те мо­жеа да рас­по­ла­га­ат са­мо ако ги пре­тво­рат во ди­на­ри или тре­ба нај­мал­ку еден ме­сец прет­ход­но да се нај­а­ви де­ка ќе се по­диг­нат од сме­тка.

Во екот на ле­то­то, пред пра­те­ни­ци­те до­а­ѓа, па се пов­ле­ку­ва за­ко­нот со кој се вос­по­ста­ву­ва­ат но­ви сопс­тве­нич­ки стру­кту­ри, а јав­но­ста ука­жу­ва на отво­ра­ње мож­ност за гра­беж на оп­штес­тве­ни­от имот. Ми­ни­стерс­тво­то за здрав­ство, пак, мно­гу на­де­жи по­ла­га во прет­стој­ни­от за­кон за здрав­стве­на за­шти­та. „Кол­ку по­бр­зо се до­не­се, тол­ку по­бр­зо ќе се раз­ре­шат нап­ла­сте­ни­те проб­ле­ми“, пи­шу­ва­ат вес­ни­ци­те.

Всуш­ност, со до­не­су­ва­ње­то на тој за­кон поч­ну­ва­ат кри­ми­нал­ни на­ба­вки во Фон­дот за здрав­ство, кои и со ин­тер­вен­ции во за­ко­нот тра­ат со го­ди­ни. Ко­ми­си­ја­та за јав­ни на­ба­вки, ко­ја по­доц­на го истра­жу­ва­ше пер­и­о­дот до 1998 го­ди­на, дој­де до су­ма од 200 ми­ли­о­ни гер­ман­ски мар­ки, од­нос­но се­гаш­ни 100 ми­ли­о­ни евра. Се на­ба­ву­ва­ле ме­ди­цин­ски ма­те­ри­ја­ли, енорм­но ска­пи апа­ра­ти, би­ле гра­де­ни об­је­кти без до­ку­мен­та­ци­ја, се вр­ше­ло опре­му­ва­ње, кли­ма­ти­за­ци­ја, се тро­ше­ле па­ри без рас­пи­шу­ва­ње тен­де­ри, или ка­де што има­ло, учес­тву­ва­ла са­мо по ед­на фир­ма, се на­ба­ву­ва­ло без зна­е­ње и одо­бре­ние на над­зор­ни­те и управ­ни­те од­бо­ри – од Кли­нич­ки­от цен­тар во Скоп­је до нај­ма­ли­те ме­ди­цин­ски уста­но­ви низ Ма­ке­до­ни­ја, се во­дел биз­нис со ле­ко­ви со по­ми­нат рок.

Пре­дре­фе­рен­дум­ски­от август до­пол­ни­тел­но ја пот­тик­ну­ва еко­ном­ска­та кри­за. Снаб­ду­ва­ње­то со на­фте­ни де­ри­ва­ти е ми­ни­мал­но. До­де­ка во Скоп­је има бе­скрај­ни ре­ди­ци за го­ри­во пред бен­зин­ски­те пум­пи, кон сре­ди­на­та на ме­се­цот „Мак­пе­трол“ пра­ви рас­пре­дел­ба на днев­ни­от до­тур, со по­го­ле­мо вни­ма­ние на ту­ри­стич­ки­те ме­ста и авто­па­тот. Во ме­ѓу­вре­ме, пот­пи­шан е до­го­вор за га­си­фи­ка­ци­ја на Ма­ке­до­ни­ја ме­ѓу ди­ре­кто­ри­те на „Мак­пе­трол“ и на со­вет­ски­от „Со­јуз­га­секс­порт“. Пр­ви­те ко­ли­чес­тва гас се оче­ку­ва­ат кон по­че­то­кот на 1994 го­ди­на.

Се нај­а­ву­ва­ат и дру­ги ин­ве­сти­ции, кои ни­ко­гаш не се ос­тва­ри­ја. Та­ка, Вев­ча­ни тре­ба­ше да до­бие фа­бри­ка за во­да и за со­ко­ви. На 25 март, пак, од Охрид се об­ја­ви вест „’Мек­до­налдс‘ отво­ра ре­сто­ран во Охрид“. Прет­став­ни­кот ве­тил до три ми­ли­о­ни до­ла­ри ин­ве­сти­ци­ја и вра­бо­ту­ва­ње за 150 мла­ди ли­ца. Ро­кот за отво­ра­ње е 10 ме­се­ци од до­го­во­рот.

 

Но­ви­нарс­тво­то во „тес­но­то гр­ло“ на плу­ра­лиз­мот

– Жи­ве­е­ме во вре­ме ко­га по­се­ду­ва­ње­то ин­фор­ма­ци­ја прет­ста­ву­ва власт… Из­бор­ни­те ре­зул­та­ти не ѝ доз­во­ли­ја на ни­ед­на пар­ти­ја да има тол­ка­ва моќ за да ги ди­кти­ра пра­ви­ла­та на игра и да ос­тва­ри мо­но­пол над средс­тва­та за ин­фор­ми­ра­ње. Од­не­су­ва­ње­то на го­лем дел од пар­ти­и­те не да­ва га­ран­ци­ја де­ка не би ја зло­у­по­тре­би­ле да­де­на­та шан­са. Во се­кој слу­чај, ако ги оце­ну­ва­ме де­мо­крат­ски­те про­це­си во Ма­ке­до­ни­ја, нај­го­лем че­кор, мо­же­би, е на­пра­вен ток­му во сфе­ра­та на ин­фор­ми­ра­ње­то – оце­ну­ва во ед­но ин­терв­ју Бран­ко Цр­вен­ков­ски, оче­ку­вај­ќи ка­ко единс­твен кан­ди­дат да ја за­зе­ме СКМ- ПДП по пов­ле­ку­ва­ње­то на Пе­тар Го­шев од тоа ме­сто.

За со­стој­ба­та со ме­ди­у­ми­те во тој пер­и­од све­до­чат и вес­ни­ци­те. Ло­кал­ни­те ме­ди­у­ми се оста­ве­ни на це­ди­ло, без па­ри ре­чи­си це­ла го­ди­на, до­де­ка, пак, во ко­лум­на Ѕвез­дан Ге­ор­ги­ев­ски ве­ли де­ка но­ви­на­ри­те си обез­бе­ди­ле ме­сто на „дно­то на та­бе­ла­та“.

„Тоа нај­до­бро го по­ка­жаа Де­но­ви­те на ма­ке­дон­ско­то но­ви­нарс­тво и на ма­ке­дон­ски­те но­ви­на­ри. Бе­ше очиг­лед­но де­ка на се­кои сто учес­ни­ци на сред­ба­та има­ше по двај­ца но­ви­на­ри, што ќе ка­же де­ка на еден но­ви­нар има­ше по пе­де­сет по­ли­ти­ча­ри. Со дру­ги збо­ро­ви, ма­ке­дон­ско­то но­ви­нарс­тво ни­ко­гаш не би­ло тол­ку не­за­вис­но и су­ве­ре­но ка­ко де­нес“, пи­шу­ва ко­лум­ни­стот, па збо­ру­ва за со­стој­би­те во дру­ги­те ре­пуб­ли­ки ка­де што би­ле из­бр­ка­ни ди­ре­кто­ри, уред­ни­ци, но­ви­на­ри, де­ка во Хр­ват­ска и во Сло­ве­ни­ја глав­ни­от кри­те­ри­ум за ква­ли­тет на но­ви­на­ри­те е нив­на­та пар­ти­ска при­пад­ност или ми­на­ти­от ан­ти­ко­му­ни­стич­ки стаж. Во ко­лум­на­та на не­кол­ку де­на пред да се фор­ми­ра вла­да­та таа 1991 го­ди­на, пи­шу­ва: „Не, не­ма ме­сто за страв. Во Ма­ке­до­ни­ја не се слу­чу­ва тоа. Та­ка ба­рем ре­че Сто­јан Ан­дов на исти­те тие Де­но­ви на ма­ке­дон­ско­то но­ви­нарс­тво. Ние, име­но, сѐ уште не­ма­ме вла­да“.

 

feljton2-1991-1

На 20 март 1991 го­ди­на е из­бра­на ма­ке­дон­ска­та вла­да

Нова Македонија, на 13 фе­вру­а­ри1991 го­ди­на „не­о­фи­ци­јал­но“ се об­ја­ву­ва де­ка не­ма ре­ше­ние за ман­да­тор за но­ва­та вла­да, а де­ка кан­ди­да­ти­те на ВМРО-ДПМНЕ би­ле не­при­фат­ли­ви за Гли­го­ров. „Со­се­ма не­о­фи­ци­јал­но се доз­на­ва де­ка, на­вод­но, пре­тсе­да­те­лот на Ре­пуб­ли­ка­та, Ки­ро Гли­го­ров, ме­ѓу лич­но­сти­те што беа пред­ло­же­ни за пре­тсе­да­тел на вла­да­та не на­шол со­од­вет­на лич­ност. Во ар­гу­мен­ти­ра­но­то образ­ло­же­ние, ка­ко што доз­на­ва­ме, Гли­го­ров ги на­вел и при­чи­ни­те зо­што не се при­фа­те­ни пред­ло­зи­те на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е на­пра­ве­но врз ос­но­ва на раз­го­во­ри­те со кан­ди­да­ти­те и врз уви­дот во струч­на­та и це­ла­та актив­ност на по­ну­де­ни­те кан­ди­да­ти“. На 20 март Гли­го­ров му го до­де­лу­ва ман­да­тот на Ни­ко­ла Кљу­сев и со 83 пратенички гласови „за“ и 17 „против“ се избира за македонската вла­да. По­крај пре­тсе­да­те­лот има трој­ца пот­пре­тсе­да­те­ли, 15 ре­сор­ни ми­ни­стри и че­тво­ри­ца ми­ни­стри без ре­сор. Дек­ла­ра­ци­ја­та и пла­тфор­ма­та се те­мел врз кој ќе се гра­ди но­ва­та фи­ло­зо­фи­ја на прав­ни­от и на еко­ном­ски­от си­стем на Ма­ке­до­ни­ја. Вла­да­та ќе дејс­тву­ва нат­пар­ти­ски.

 

Ка­ко све­дош­тва на со­стој­би­те во то­гаш­ни­те ме­ди­у­ми – из­да­ни­ја­та на НИП и др­жав­на­та РТС, оста­ну­ва­ат не­кол­ку на­пи­си. Ко­га во пр­во­то три­ме­сеч­је на 1991 го­ди­на ВМРО-ДПМНЕ ја наг­ла­си по­тре­ба­та од про­фе­си­о­нал­но пла­те­но ан­га­жи­ра­ње за вре­ме на пра­те­нич­ки­от ман­дат, но­ви­на­рот Ми­лан Ба­нов, по­доц­на уред­ник на не­кол­ку дру­ги при­ват­ни пе­ча­те­ни ме­ди­у­ми, во „Но­ва Ма­ке­до­ни­ја“ се освр­на на ова ба­ра­ње.

„Со­се­ма е нор­мал­но и чо­веч­ки во овие те­шки и си­ро­маш­ни вре­ми­ња не­кој да е за­гри­жен за сво­ја­та ег­зи­стен­ци­ја, па от­ту­ка и на­и­ду­ва на раз­би­ра­ње и жел­ба­та на се­ко­го да за­ра­бо­ти по­ве­ќе. Во таа смис­ла не мо­же да се ста­ви за­бе­ле­шка ни­ту на пра­те­нич­ка­та гру­па на ВМРО-ДПМНЕ на неј­зи­но­то ба­ра­ње пра­те­ни­ци­те за вре­ме­тра­е­ње­то на ман­да­тот да би­дат про­фе­си­о­нал­но ан­га­жи­ра­ни и лич­ни­от до­ход да го ос­тва­ру­ва­ат во пар­ла­мен­тот, осо­бе­но што не е не­поз­на­то ка­ква е со­ци­јал­на­та стру­кту­ра на најм­но­гу­број­на­та пар­ти­ја во Со­бра­ни­е­то“.

По­до­лу во освр­тот нас­ло­вен „Или па­ри или шпи­о­ни“ Ба­нов до­да­ва: „Без пре­тен­зии да пра­ви­ме не­ко­ја по­оп­сеж­на ана­ли­за на ова со­оп­ште­ние, кое спо­ред сво­ја­та, најб­ла­го ре­че­но, не­се­ри­оз­ност об­је­ктив­но нѐ спре­чу­ва во тоа, се­пак, не мо­же­ме, а да не се освр­не­ме ба­рем на две ра­бо­ти…“

Ова не е единс­тве­но „остро пер­о“ кон пар­ти­ја­та што освои нај­го­лем број пра­те­ни­ци на из­бо­ри­те. Во из­да­ни­ја­та од ја­ну­а­ри се оце­ну­ва: „По­сто­е­ње­то на ВМРО е исто­ри­ски ап­сурд“, или, пак, „Ан­ти­ма­ке­дон­ски­те бе­ле­зи на ВМРО-ДПМНЕ“. Ин­терв­ју­то со Бо­рис Змеј­ков­ски, ге­не­ра­лен се­кре­тар на пар­ти­ја­та, е нас­ло­ве­но: „Не сме те­ро­ри­стич­ка пар­ти­ја“, а глав­ни ак­цен­ти се ста­ве­ни на тоа де­ка тој бил осу­ден на три ме­се­ци за­твор пред 12 го­ди­ни, ка­ко и: „Не­ма­ме сво­ја по­ли­ци­ја“.

Во тој ам­би­ент Ма­ке­дон­ски­от на­ци­о­на­лен фронт, од­нос­но Де­мо­крат­ски­от со­јуз –Пар­ти­ја на зем­јо­дел­ци­те на Ма­ке­до­ни­ја, за­ед­но со ВМРО-ДПМНЕ и МААК, со­оп­шти де­ка за­ра­ди не­це­лос­но­то и искри­ве­но ин­фор­ми­ра­ње на јав­но­ста од стра­на на Ма­ке­дон­ска­та те­ле­ви­зи­ја и пе­ча­тот… за­зе­мен е став да се поч­не со из­да­ва­ње вес­ник на Ма­ке­дон­ски­от на­ци­о­на­лен фронт, а на­ско­ро да се обез­бе­ди и сопс­тве­но ра­ди­о­сту­дио.

Љуп­чо Ге­ор­ги­ев­ски, ли­дер на ВМРО-ДПМНЕ и пот­пре­тсе­да­тел на пре­тсе­да­те­лот на др­жа­ва­та, кон кра­јот на март 1991 го­ди­на ис­пра­ти отво­ре­но пис­мо до ди­ре­кто­рот на НИП „Но­ва Ма­ке­до­ни­ја“, Пан­де Ко­ле­ми­шев­ски. Во не­го лич­но го про­зи­ва, до­да­вај­ќи: „До­ста ми е од мо­но­пол во средс­тва­та за јав­но ин­фор­ми­ра­ње, до­ста ми е од ла­ги­те ин­три­ги­те ин­си­ну­а­ци­и­те, бол­ше­вич­ки­те ме­то­ди на дис­ква­ли­фи­ка­ци­ја, ла­зо­виз­мот, чиј­што кум сте вие гос­по­дин Ко­ле­ми­шев­ски“. Во дел од пис­мо­то ги на­ве­ду­ва и тие што со сво­и­те тек­сто­ви го пот­тик­на­ле на оваа ре­ак­ци­ја. „… За да не оста­нам не­об­јас­нет, за­тоа што ве­ќе утре чув­ству­вам де­ка ва­ши­те за­гар­чи­ња од ти­пот на Ми­лан Ба­нов, Бран­ко Трич­ков­ски, Шо­ља­ков­ски и уште два-трој­ца од исти­от тој ка­ли­бар, мо­жат да на­пи­шат по­ло­ви­на стра­ни­ца од ва­ши­от при­ва­тен вес­ник ’Но­ва Ма­ке­до­ни­ја‘….“.

„Из­ви­не­те гос­по­дин Ко­ле­ми­шев­ски, ме­ѓу­тоа не мо­жам да му ве­ру­вам на чо­век ко­го го по­ста­вил ди­рект­но Ла­зар Ко­ли­шев­ски, не мо­жам да му ве­ру­вам на чо­век што во пос­лед­ни­те две-три го­ди­ни ка­ко ди­ре­ктор бе­ше нај­пос­лу­шен слу­га на ре­жи­мот и го фа­ле­ше ед­но­пар­тиз­мот, ко­му­низ­мот“, до­да­ва Ге­ор­ги­ев­ски во отво­ре­но­то пис­мо во кое ба­ра оста­вка од Ко­ле­ми­шев­ски од прин­ци­пи­ел­ни при­чи­ни. До тоа не дој­де. Но­ви­на­ри­те од­го­во­ри­ја по сво­ја ме­ра.

 

Рас­па­дот на Ју­гос­ла­ви­ја и ма­ке­дон­ски­те вој­ни­ци

На 6 мај се слеа ма­ке­дон­ска крв во туѓ на­ци­о­на­ли­стич­ки су­дир. Во Сплит е уби­ен Са­шко Ге­шов­ски, пр­ва од ни­за­та ма­ке­дон­ски жр­тви во конф­ли­ктот во по­ра­неш­на Ју­гос­ла­ви­ја. По­че­то­кот на ле­то­то на­ве­сти су­ро­ва и дол­го­трај­на вој­на на те­ри­то­ри­и­те на Ср­би­ја, Хр­ват­ска и на БиХ. Ма­ке­до­ни­ја со ни­што не при­до­не­се за еска­ла­ци­ја на кри­за­та, а мо­би­ли­за­ци­ја­та на ре­зерв­ни­от со­став на ЈНА ја зго­ле­ми нап­на­то­ста. До­де­ка бе­ше ста­вен мо­ра­то­ри­ум на раз­го­во­ри­те на фе­де­рал­но ни­во, ма­ке­дон­ски­те мај­ки ба­раа де­ца­та – вој­ни­ци во ЈНА да би­дат пов­ле­че­ни од Сло­ве­ни­ја и од Хр­ват­ска.

Во со­бра­ни­ски­те ди­ску­сии СДСМ оце­ну­ва де­ка Ма­ке­до­ни­ја се наш­ла ме­ѓу ед­но­стра­ни­те од­лу­ки на Сло­ве­ни­ја и на Хр­ват­ска и твр­ди­от став на Ср­би­ја и на Цр­на Го­ра за мо­дер­на фе­де­ра­ци­ја, но и де­ка не ѝ оста­ну­ва дру­го освен да ги под­др­жи од­лу­ки­те на Пре­тсе­да­телс­тво­то на СФРЈ.

 

feljton2-1991-2

„Ко­му­ни­сти­те се пре­о­бра­зи­ја  во со­ци­јал­де­мо­кра­ти“

На 11. кон­грес на СКМ-ПДП избран е нов претседател. Бран­ко Цр­вен­ков­ски го замени Петар Гошев. Тоа е мла­до­то мом­че од ра­ко­вод­ни­те пар­ти­ски стру­кту­ри, пра­те­ни­кот што ба­ра­ше на кон­сти­ту­тив­на­та сед­ни­ца на пар­ла­мен­тот пр­во да се ин­то­ни­ра ју­гос­ло­вен­ска­та хим­на, па по­тоа ма­ке­дон­ска­та. За вре­ме на вто­ра­та, пак, оста­на да се­ди в клу­па. СДСМ е пра­вен и по­ли­тич­ки нас­лед­ник на по­ра­неш­на­та Ко­му­ни­стич­ка пар­ти­ја на Ма­ке­до­ни­ја и на Со­ју­зот на ко­му­ни­сти­те на Ма­ке­до­ни­ја. Го­шев во говорот прашал:
– Мо­жат ли ју­гос­ло­вен­ска­та кри­за да ја ре­шат ре­фе­рен­ду­ми­те на на­ро­ди­те или ре­фе­рен­ду­ми­те на гра­ѓа­ни­те, одр­жа­ни во се­ко­ја ре­пуб­ли­ка?… Ако ус­пе­ат да ја рас­ту­рат во исто­ри­ја­та ќе би­де за­пи­ша­но: под водс­тво­то на Јо­сип Броз – Ти­то на­ста­на кул­тот на лич­но­ста, ко­му­ни­стич­ка­та заб­лу­да, мно­гу­број­ни­те не­прав­ди , бе­ше фор­ми­ра­на Ју­гос­ла­ви­ја од шест на­ро­ди, од шест ре­пуб­ли­ки. А под водс­тво­то на не­го­ви­те нас­лед­ни­ци, не­за­вис­но од тоа да­ли вре­ди да би­дат спо­ме­на­ти или не, се рас­пад­на Ју­гос­ла­ви­ја.

 

Од ВМРО ДПМНЕ, пак, сме­таа де­ка ни­кој освен Ма­ке­до­ни­ја не го по­чи­ту­ва со­јуз­ни­от Устав, а и де­ка по три­те ме­се­ци мо­ра­то­ри­ум, Евро­па ќе ги приз­нае Сло­ве­ни­ја и Хр­ват­ска. Ма­ке­до­ни­ја мо­ра да по­ста­пи по Дек­ла­ра­ци­ја­та и да го иско­ри­сти мо­мен­тот за до­не­су­ва­ње устав­ни акти и да из­дејс­тву­ва ме­ѓу­на­род­но приз­на­ва­ње.

Во ед­на та­ква ат­мо­сфе­ра, Цр­вен­ков­ски за не­дел­ни­кот „Пулс“ цвр­сто стои на ста­вот де­ка е не­воз­мож­на по­и­на­ква раз­реш­ни­ца на кри­за­та, та ду­ри и со ин­тер­вен­ци­ја на НАТО ќе се нај­де не­ка­ква сре­ди­на и ме­ка фе­де­ра­ци­ја на но­ви­те ју­гос­ло­вен­ски др­жа­ви. „Пулс“ ја наг­ла­су­ва не­го­ва­та оцен­ка за цвр­сти­от став на Сло­ве­ни­ја. „Не­кол­ку прет­став­ни­ци на акту­ел­на­та сло­ве­неч­ка власт, на го­сту­ва­ње во Ав­стри­ја, из­ја­ви­ле де­ка отсе­ко­гаш се­бе­си се сме­та­ле за дел од Ав­стро­ун­гар­ско­то Царс­тво и де­ка не би има­ле ни­што про­тив по­втор­но да ста­нат дел од тоа оп­кру­жу­ва­ње. Тоа го­во­ри за ед­на тен­ден­ци­ја во ко­ја мо­же да се пов­ле­че па­ра­ле­ла со си­ту­а­ци­ја­та кај нас. Да ре­че­ме, од­не­су­ва­ње­то на ДПМНЕ за не­кои ра­бо­ти, со тоа што та­му џе­бот ќе би­де мно­гу по­полн, а ту­ка на­про­тив.

Ако Сло­вен­ци­те се под­го­тве­ни по це­на на гер­ма­ни­зи­ра­ње, по це­на на гу­бе­ње на сво­и­те те­ри­то­рии, а со на­ме­ра ин­ди­ви­ду­ал­но, ка­ко гра­ѓа­ни, да вле­зат во Евро­па со по­до­бар еко­ном­ски ста­тус и без жел­ба да го за­чу­ва­ат сво­јот иден­ти­тет, тоа е дру­га ра­бо­та“, ве­ли Цр­вен­ков­ски.

Се­пак, во ју­ли, Цр­вен­ков­ски и СДСМ не­ма­ат јас­но за­зе­мен став за ма­ке­дон­ски­те вој­ни­ци и нив­но­то учес­тво во бор­би­те во Ју­гос­ла­ви­ја.

 

feljton2-1991-3

Ре­фе­рен­дум­ско­то пра­ша­ње со до­да­ток

Ме­ѓу акте­ри­те за фор­ми­ра­ње­то на ре­фе­рен­дум­ско­то пра­ша­ње е и Ни­ко­ла По­пов­ски. Спо­ред не­го­ва ко­лум­на од пред не­кол­ку го­ди­ни, пре­тсе­да­те­лот Гли­го­ров кај се­бе по­ви­кал не­кол­ку­ми­на од пар­ти­и­те „врз кои мо­жел да се пот­пре“.

„На со­ста­но­кот се ди­ску­ти­ра­ше по три срод­ни, но те­шки пра­ша­ња за ре­фе­рен­ду­мот: да­ли, ко­га и со кое ре­фе­рен­дум­ско пра­ша­ње? Кол­ку што се се­ќа­вам, на тој со­ста­нок не­ма­ше го­ле­ми раз­ли­ки и по по­ве­ќе ча­со­ви раз­го­во­ри, се дој­де до единс­твен зак­лу­чок де­ка: 1. ре­фе­рен­дум мо­ра да се одр­жи и де­ка за тоа ќе се оди пред Со­бра­ни­е­то со кон­кре­тен пред­лог за што ќе се ба­ра под­др­шка и од ВМРО-ДПМНЕ и од ПДП; 2. ре­фе­рен­дум да се одр­жи нај­бр­зо кол­ку што мо­же, би­деј­ќи Уста­вот ве­ќе бе­ше во фа­за на под­го­то­вка, а тој тер­мин ло­гич­но бе­ше да се одре­ди уште во пр­ва­та не­де­ла по за­вр­шу­ва­ње­то на од­мо­ри­те и поч­ну­ва­ње­то на учеб­на­та го­ди­на. Из­бо­рот бе­ше ме­ѓу 1 и 8 сеп­тем­ври, па та­ка се дој­де до да­ту­мот – 8 сеп­тем­ври, ка­ко по­со­од­вет­на за по­го­лем од­ѕив; 3. ре­фе­рен­дум­ско­то пра­ша­ње мо­ра да се со­ста­ви и пред­ло­жи за­ед­но со од­лу­ка­та за ре­фе­рен­дум, за што, всуш­ност, се ди­ску­ти­ра­ше нај­дол­го и се дој­де до ре­ше­ни­е­то, кое е поз­на­то и кое тре­ба­ше да ги со­др­жи си­те еле­мен­ти за ус­пе­шен ре­фе­рен­дум и нед­вос­мис­ле­но из­јас­ну­ва­ње за са­мо­стој­ност на Ма­ке­до­ни­ја. Око­лу 14 ча­сот се да­де па­у­за за да се со­ста­ви пре­циз­ни­от текст на ре­фе­рен­дум­ско­то пра­ша­ње. Таа за­да­ча ни при­пад­на на ме­не и на Зо­ран Кр­стев­ски. По око­лу еден час ра­бо­та, се вра­тив­ме со го­тов и пре­ци­зен текст со си­те де­та­ли и тоа бе­ше пос­лед­но­то око­лу што се по­стиг­на це­лос­на сог­лас­ност на тој со­ста­нок. По­на­та­му е поз­на­то за јав­но­ста“, пи­шу­ва По­пов­ски. От­ту­ка Ни­ко­ла По­пов­ски ја ре­а­ли­зи­ра жел­ба­та во ре­фе­рен­дум­ско­то пра­ша­ње да стои не­ло­гич­но до­пол­не­ние за по­вто­рен со­јуз со ју­гос­ло­вен­ски­те др­жа­ви.

 

Од­лу­ка­та за рас­пи­шу­ва­ње ре­фе­рен­дум за не­за­вис­ност на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја е до­не­се­на на 6 август. Под­го­то­вка­та за ре­фе­рен­ду­мот се пра­ви во мо­мен­ти на го­ле­ма по­де­ле­ност во пар­ла­мен­тот во кој се спо­ри да­ли ре­фе­рен­ду­мот да се рас­пи­ше отка­ко Со­бра­ни­е­то ќе прог­ла­си не­за­вис­ност, или, пак, ре­фе­рен­дум­ско­то из­јас­ну­ва­ње ќе би­де ос­но­ва за од­во­ју­ва­ње­то на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја. При­тоа, се ра­бо­ти на нов текст за Уста­вот. Ма­ке­до­ни­ја пред Ре­пуб­ли­ка го бри­ше Со­ци­ја­ли­стич­ка. На та­ква­та по­де­ле­ност се на­до­вр­зу­ва и отсус­тво­то на две­те пар­тии на Ал­бан­ци­те во Ма­ке­до­ни­ја, кои има­ат ни­за ба­ра­ња што поч­наа да ги по­ста­ву­ва­ат уште од под­го­то­вки­те за ре­дов­ни­от по­пис во фе­де­ра­ци­ја­та. Гр­ци­ја уште пред ре­фе­рен­ду­мот ја за­си­лу­ва ан­ти­ма­ке­дон­ска­та кам­па­ња. Вес­ни­ци­те пи­шу­ва­ат: „Гр­ци­ја им се за­ка­ну­ва на си­те што ќе ја приз­на­ат Ма­ке­до­ни­ја“. „Вед­наш по евен­ту­ал­но­то прог­ла­су­ва­ње на не­за­вис­на Ма­ке­до­ни­ја, Гр­ци­ја да ја за­тво­ри гра­ни­ца­та и да ги пре­ки­не дип­ло­мат­ски­те од­но­си со зем­ји­те што би ја приз­на­ле ка­ко са­мо­стој­на др­жа­ва“, се до­да­ва. Го­ле­ма збр­ка во Гр­ци­ја пре­диз­ви­ку­ва пи­шу­ва­ње­то на аме­ри­кан­ски­от пе­чат. Исто та­ка, и при­чи­на­та за пре­сто­јот на ми­ни­сте­рот Ма­ле­ски во САД. Грч­ки­те соз­на­ни­ја ве­лат де­ка САД за­ед­но со дру­ги­те ќе ја приз­на­ат и „скоп­ска­та ре­пуб­ли­ка“ и неј­зи­но­то пра­во да се на­ре­ку­ва „Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја“. Но тоа не е сѐ. Во след­ни­те де­се­ти­на де­но­ви, грч­ка­та ар­ми­ја ќе има го­ле­ми ма­не­ври на гра­ни­ца­та. „Ток­му то­гаш поч­ну­ва го­ле­ма­та во­е­на веж­ба бли­зу гра­ни­ца­та на­ре­че­на ’Фи­ло­пос‘ – а во неа учес­тву­ва­ат ок­лоп­на ди­ви­зи­ја, пе­ша­ди­ски ар­ти­ле­ри­ски и спе­ци­јал­ни еди­ни­ци на ар­ми­ја­та и ави­о­ни и хе­ли­коп­те­ри на грч­ко­то во­е­но воз­ду­хоп­лов­ство“, пи­шу­ва „Но­ва Ма­ке­до­ни­ја“ на два де­на пред ре­фе­рен­ду­мот.

Ан­дов за „Ре­пуб­ли­ка“: Ла­жеа де­ка сум во Гр­ци­ја

На фо­то­гра­фи­и­те од прос­ла­ва­та на пло­штад по ре­фе­рен­ду­мот за­бе­ле­жи­тел­но е отсус­тво­то на не­кол­ку­ми­на по­ли­ти­ча­ри, ги не­ма Цр­вен­ков­ски, Ту­пур­ков­ски…
– Ни јас не сум та­му! За ме­не бе­ше важ­но да ус­пее ре­фе­рен­ду­мот. Љуп­чо Ар­сов­ски, дип­ло­ма­тот, кој то­гаш ра­бо­те­ше во Гр­ци­ја, ме из­ве­сти де­ка ре­фе­рен­ду­мот ќе пре­диз­ви­ка се­ри­оз­ни ре­ак­ции во Гр­ци­ја и за­тоа што по­бр­зо тре­ба да се на­пра­ви не­кој кон­такт со грч­ки­те авто­ри­те­ти. Пр­ва­та мож­ност бе­ше 9 сеп­тем­ври, еден ден по ре­фе­рен­ду­мот. Пре­ми­е­рот Кон­стан­тин Ми­цо­та­кис отво­ра­ше са­ем во Со­лун. Гр­ци­те не са­каа да се ви­дат со ни­кој од из­врш­на­та власт, ни­ту со Гли­го­ров, сме­тав­ме де­ка е со­од­вет­но јас да одам. За ова зна­е­ја и Гли­го­ров и Кљу­сев. Во Гр­ци­ја вле­гов на 9 сеп­тем­ври, а на де­нот на ре­фе­рен­ду­мот пр­во бев во Скоп­је, па во Ка­ва­дар­ци, па во До­јран, што поб­ли­ску до Гр­ци­ја. Во Со­лун стиг­нав­ме ра­но, пред да се за­тво­ри без­бед­нос­ни­от пр­стен око­лу гра­дот…… За мал­ку ќе се срет­нев и со Ми­цо­та­кис, но во пос­ле­ден мо­мент ја из­бег­на сред­ба­та….. Ина­ку, ќе го убе­дев Ми­цо­та­кис де­ка оче­ку­ва­ме раз­би­ра­ње и под­др­шка…. А, зо­што Ту­пур­ков­ски или Цр­вен­ков­ски не би­ле, тоа не знам. Мо­же­би и тие би­ле низ др­жа­ва­та. Цр­вен­ков­ски во Де­бар­ца, не знам, ни­ко­гаш не сме раз­го­ва­ра­ле – ве­ли Ан­дов во ин­терв­ју­то за првиот број на „Република“.

Ре­фе­рен­ду­мот на 8 сеп­тем­ври по­ми­на со огром­но мно­зинс­тво од ду­ри 97,9 про­цен­ти од гла­со­ви­те. На прос­ла­ва­та на пло­шта­дот, кој де­нес го но­си име­то „Ма­ке­до­ни­ја“, го не­ма Бран­ко Цр­вен­ков­ски. Го не­ма ни­ту Сто­јан Ан­дов, ни­ту, пак, Ва­сил Ту­пур­ков­ски. Спо­ред се­ќа­ва­ња­та на пр­ви­от ми­ни­стер за прав­да Ѓор­ѓи На­у­мов, и Ки­ро Гли­го­ров до­шол по упор­но ин­си­сти­ра­ње на Ни­ко­ла Кљу­сев. Прос­ла­ва­та е на­пра­ве­на на 8 сеп­тем­ври но­ќта за да се из­бег­не ко­ин­ци­ден­ци­ја­та след­ни­от ден, 9 сеп­тем­ври, ко­га Бу­га­ри­ја го сла­ве­ше де­нот ко­га ко­му­ни­сти­те ја за­зе­ле вла­ста во зем­ја­та.

На 17 но­ем­ври е до­не­сен Уста­вот на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја, за кој уште на 7 мај Гли­го­ров упа­ти пред­лог за до­не­су­ва­ње нов Устав. Овој Устав е прв по прог­ла­су­ва­ње­то на су­ве­ре­но­ста и на са­мо­стој­но­ста.

Од Ко­стур и од Ле­рин, Ми­цо­та­кис по­ста­ву­ва ус­ло­ви за до­бро­со­седс­тво – Ма­ке­до­ни­ја да се дек­ла­ри­ра ка­ко по­ве­ќе­на­ци­о­нал­на ме­ша­ни­ца, а ве­ли де­ка неј­зи­ни­те де­неш­ни жи­те­ли не­ма­ат ни­ка­ква вр­ска ни­ту со ан­тич­ки­те ни­ту со со­вре­ме­ни­те Ма­ке­дон­ци, кои се – Гр­ци.

Во но­во­го­диш­но­то ин­терв­ју во „Но­ва Ма­ке­до­ни­ја“, пре­ми­е­рот Ни­ко­ла Кљу­сев ве­ли: „По по­ли­тич­ка­та – еко­ном­ска са­мо­стој­ност“. Се­пак, до­да­ва де­ка не тре­ба да се пра­ват илу­зии де­ка оп­штес­тве­на­та сопс­тве­ност вед­наш ќе се пре­тво­ри во при­ват­на.

 

Ра­тка Ди­ми­тро­ва, пра­те­нич­ка во пр­ви­от пар­ла­мен­та­рен со­став

„…. Хе­рој на не­за­вис­но­ста е и пр­ви­от пре­ми­ер на са­мо­стој­на Ма­ке­до­ни­ја, Ни­ко­ла Кљу­сев, по­ра­ди тоа што алар­ми­ран од до­го­во­рот Ми­ло­ше­виќ – Ми­цо­та­кис за Ма­ке­до­ни­ја, кои ба­раа со­ста­нок со пре­тсе­да­те­ли­те на Ро­ма­ни­ја и на Бу­га­ри­ја во отсус­тво на Ма­ке­до­ни­ја, вед­наш от­па­ту­ва во Со­фи­ја и во Бу­ку­решт и го осу­е­ти нив­ни­от план. По­ра­ди тоа што во нај­стрес­но­то вре­ме му да­де од­вр­за­ни ра­це на ми­ни­сте­рот Ми­јал­ков да по­ста­пу­ва спре­ма ЈНА. По­ра­ди топ­ли­на­та и љу­бо­вта што зра­че­ше од не­го при се­кое обра­ќа­ње кон на­ро­дот.

Хе­рој на не­за­вис­но­ста на Ма­ке­до­ни­ја е и пр­ви­от ми­ни­стер за вна­треш­ни ра­бо­ти на са­мо­стој­на Ма­ке­до­ни­ја, кој при нај­го­ле­ма опас­ност, и лич­на и на лу­ѓе­то за кои од­го­ва­ра­ше, ја од­зе­де до­ку­мен­та­ци­ја­та за ре­гру­ти­те и со тоа ѝ го за­да­де нај­те­шки­от удар на ЈНА, со што и, де­фи­ни­тив­но, ја де­мо­ра­ли­зи­ра. Ту­ка не са­кам да го од­ми­нам ше­фот на по­ли­ци­ја­та на град Скоп­је, За­фи­ров­ски, кој бе­ше не­го­ва дес­на ра­ка во тоа вре­ме“, пи­шу­ва во „Утрин­ски вес­ник“ на 6.9.2011 го­ди­на.

 

feljton2-1991-4

За­ги­ну­ва­ње­то на Јор­дан Ми­јал­ков

На 19 де­кем­ври во со­о­бра­ќај­на не­сре­ќа жи­во­тот тра­гич­но го за­гу­би пр­ви­от ми­ни­стер за вна­треш­ни ра­бо­ти Јор­дан Ми­јал­ков. Ми­јал­ков, кој бе­ше член на екс­перт­ска­та вла­да на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја на пре­ми­е­рот Ни­ко­ла Кљу­сев, без ни­ка­ква при­друж­ба, со во­за­чот трг­нал за Бел­град, на по­ка­на на то­гаш­ни­от со­ју­зен ми­ни­стер за вна­треш­ни ра­бо­ти Пе­тар Гра­ча­нин. Тре­ба­ло да има со­ста­нок на ре­пуб­лич­ки­те ми­ни­стри за вна­треш­ни ра­бо­ти со Гра­ча­нин.

Нез­го­да­та се слу­чи­ла во јуж­на Ср­би­ја, кај Вра­ње. Спо­ред из­ве­шта­и­те од срп­ски­те вла­сти, па­ѓа­ло снег, а во­за­чот на Ми­јал­ков во­зел бр­зо. При раз­ми­ну­ва­ње со дру­го во­зи­ло, авто­мо­би­ли­те се удри­ле, служ­бе­ни­от авто­мо­бил се из­вр­тел, по што не­кол­ку па­ти се уди­рал во огра­да­та. Вла­сти­те увиделе гре­шка на во­за­чот на ми­ни­сте­рот.

– Јор­дан Ми­јал­ков не по­чи­нал од уда­рот. Тој из­ле­гол од авто­мо­би­лот, ви­кал за по­мош. Оста­на не­јас­но зо­што срп­ски­те по­ли­ци­ски вла­сти не го пре­не­ле ди­рект­но во Скоп­је, на спе­ци­ја­ли­стич­ки прег­ле­ди, или ба­рем да го од­не­ле со хе­ли­коп­тер до бел­град­ски­те кли­ни­ки. Ме­сто тоа, го ма­тка­ле низ Вра­ње и чо­ве­кот по­чи­нал од бол­ки од скр­ше­ни­те ко­ски, а не од по­вре­ди на ви­тал­ни ор­га­ни, за­што при об­дук­ци­ја­та не би­ле про­нај­де­ни та­кви. Но на овој мо­мент не се обр­на­ло вни­ма­ние во то­гаш­на­та ку­са истра­га во Ср­би­ја, ко­ја бе­ше при­фа­те­на и од вла­ди­на ко­ми­си­ја во Ма­ке­до­ни­ја – рас­ка­жу­ва за „Вест“ во 2009 го­ди­на то­га­шен ви­сок по­ли­ци­ски функ­ци­о­нер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top