| четврток, 6 декември 2018 |

Додик: Да се пребројат муџахедините во БиХ, а не Русите што доаѓаат да танцуваат

Претседателот на Република Српска Милорад Додик изјави дека  тие што упатуваат злонамерни коментари за престојот на руските уметници во Бања Лука, прво треба да ги избројат муџахедините што живеат во БиХ и неконтролирано влегуваат на нејзина територија.

Milorad Dodik

Тој додаде дека дури и опозицијата во РС се вклучила во пребројувањето колку Руси влегле во Бања Лука, што е безначаен број.

– Тие дојдоа да поддржат еден културен настан, истакна Додик, додавајќи дека клучно прашање е престојот на муџахедините во БиХ, а не дали некој овде доаѓа да игра народни танци.

Во БиХ вчера се крена вистинска бура околу доаѓањето на руски играорци, кои треба да учествуваат на одбележувањето на 100-годишнината од почетокот на Првата светска војна, бидејќи некои медиуми во друг ентитет на Федерацијата БиХ објавија дека станува збор за пристигнување на руски специјалци.

Од Министерството за внатрешни работи на РС морале да ги демантираат ваквите шпекулации нагласувајќи дека станува збор за уметници и упати критики до медиумите од другиот ентитет дека шират информации со кои се вознемирува јавноста.

Реагирала и граничната полиција на БиХ, која соопшти дека 144 руските државјани што во изминатиот период влегле во земјата ги исполнувале сите потребни услови и немале воени обележја или униформи, а меѓу нив има жени и мажи на различна возраст.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top