Капитенот на шпанскиот првак Атлетико Мадрид, Габи Фернадес Аренас, призна во шпанскиот суд дека учествувал во нелегални фудбалски работи, односно дека учествувал во местење на исходот од дуелот меѓу Леванте и Сарагоса.
– Направив сѐ што бараа од клубот – изјави Габи, играч што во 2011 година играше за Сарагоса. Тогашниот негов клуб го победи Леванте со 2-1 и се спаси од испаѓање на неверојатен начин со 4 победи во последните 6 рунди. Меѓу поразените во тој циклус беше и Реал Мадрид, но сега се открива дека не било сѐ легално.
Во финишот на таа сезона настрада Депортиво ла Коруња, клуб што испадна и ја загуби трката со препородената Сарагоса. Габи потоа се пресели во Атлетико Мадрид, стана и репрезентативец на Шпанија, но сега се соочува со казна за местење. Вчера тој не играше за „јорганџиите“ против Јувентус во меч од Лигата на шампионите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Трагична вест од Шпанија: Ракометари на Гранољерс загинаа во сообраќајна несреќа
-
Од 100 до 750 евра казна за оваа лудост: Погледнете што прават туристите во Шпанија
-
Брод со 48 туристи се запали во Шпанија (ФОТО)
-
„Нон пејпер“ од Шпанија: Стоп за влегувањето на Косово во ЕУ, тие не се дел од проширувањето


