
Студентската организација „Вистински жени, вистински тела“ од Универзитетот во Вајоминг претставува серија од фотографии од силуети на голи женски тела кои се дел од првата рекламна кампања на оваа група. Нивната цел е да ја промовираат позитивната претстава за телото и да им испратат порака на жените дека се убави и од внатре, но и од надвор.
Организацијата ја основале студентите Хан Кинг, Морган Луни и Сидни Стајн.
– Идејата е да ги охрабриме жените – пишува во официјалното соопштение на групата.
Со тоа што фотографиите не се фотошопирани ниту пак ретуширани, членовите на групата сакале да претстават јасен контраст во однос на вообичаените претстави за женското тело во медиумите.
Иако во проектот учестувале 30 жени, само 11 се согласиле да позираат. Останатите немале доволно самодоверба да позираат. Оваа организација не е ограничена само на промоција на позитивниот одност кон телото на жената, туку тие работат и со слични проекти во кои учестуваат луѓе со инвалидитет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


