Во изложбениот салон на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово в четврток, со почеток во 19.30 часот, ќе биде отворена изложбата на уметничка фотографија „Жените фотографираат“. Станува збор за клупска изложба во организација и координација на Фото-киноклубот „Козјак“, која брои околу 20 фотографии од 11 авторки, членки на клубот.
Организаторите на изложбата потсетуваат дека иако жените се присутни во фотографијата од самиот нејзин почеток, најпрво се појавувале како мотив, а набргу потоа и како десна рака на фотографот. Во првата половина од дваесеттиот век фотографијата била машки занает, но во втората половина се зголемува интересот кај жените за фотографскиот занает.
Поставката на изложбата претставува пресек на она што 11-те авторки го твореле изминатите години и е посветен на жената како столб на општеството во кое живееме, додаваат оттаму.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.