| четврток, 6 декември 2018 |

Компанијата „Тинекс“ отвори едукативен центар за своите вработени

Компанијата „Тинекс“ денеска свечено отвори едукативен центар за своите вработени во деловните простории во склоп на Тинекс маркетот во населбата Кисела Вода. Центарот ќе започне со обуки на вработените во маркетите кои ќе бидат поделени во неколку групи и во првите неколку фази ќе бидат опфатени околу 600 вработени.

tinex educativen centar 03 (Custom)

Целта на овој проект  е да ги собира на едно место сите вработени во Тинекс каде заедно, со помош на стручни лица, ќе можат да се усовршуваат, обучуваат, едуцираат и да тренираат за своите позиции и за иден успех на работното место.

Сопственикот Владимир Тодоровиќ свечено ја пресече црвената лента за означување на почетокот на работата на едукативниот центар и истакна дека со отаврањето на едукативниот центар, Тинекс продолжува да се докажува како компнаија која инвестира во луѓето.

tinex educativen centar 02 (Custom)

– Целта е преку наградување на знаењата, унапредување на вештините и развој на вработените, да се подобри квалитетот на услугата и да се продолжи квалитетот континуитетот на градење долгорочни односи со купувачите. Воведувањето на едукативен центар е показател дека Тинекс доследно ја следи својата визија која е во насока на постојана грижа на квалитетот, услугата, како и довербата и разбирањето на потребите на купувачите – нагласи Тодоровиќ.

Пред присутните гости се обрати и бренд директорката Цветанка Христовска која посочи дека компанијата „Тинекс“ како еден од лидерите во корпоративната филантропија во Македонија со овој едукативен центар докажува дека се стреми да постигне препознатливост и посебност во грижата за своите вработени.

tinex educativen centar 04 (Custom)

Според Зоран Костовски од центарот за менаџмент консалтинг образование и обука „Мотива“ преку воведувањето на едукативен центар  Тинекс се докажува како компанија која ги следи светските практики за образование и обука на вработени преку која вработени ќе се запознаат  со современите трендови во делот на малопродажбарта и ќе се здобијат со вештини како поквалитетно да ја извршуваат својата работа.

tinex educativen centar 05 (Custom)

Едукативниот центар се простира на 140 метри квадратни во кои владее пријатна работна атмосфера и истиот е опремен со стручна литература, компјутери и останати тејнички помагала. Овие обуки ќе бидат организирани со помош на „Мотива“ со цел да се подобри нивото на стручност на персоналот во пристапот до потрошувачите, клиентите и деловните партнери.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top