| четврток, 6 декември 2018 |

Се отвори првиот „Деликатесен Тинекс“ (ФОТО)

Вчера, 23 декември, „Тинекс“ го прошири своето семејство маркети отворајќи сосема нов концепт, „Деликатесен Тинекс“ (Delicatessen Tinex )– маркет за вистинските љубители на храна, богат избор на специјално одбрани деликатеси и пијалаци од целиот свет за вистинско гастрономско уживање, единствен во нашиот град.

Gorgonzola, Grana Padano и Tallegio се дел од сирењата што ќе ја донесат Италија во нашиот маркет и во вашите домови.

Пршута Parma, San Daniele, Culatello, Chorizo се само дел од асортиманот на сувомесни производи што ги нудиме во овој маркет и истите се направени од најквалитетно и специјално избрано месо во комбинација со уникатни зачини и традиционален начин на подготовка.

За сите љубители на префинети производи од месо, ексклузивно во „Деликатесен Тинекс“ ќе ги најдете највкусните деликатеси од светски познатото месо од црна свиња кои имаат уникатен, интензивен вкус, кој ги задоволува критериумите и на најпребирливите гурмани.

Редовниот асортиман на квалитетно свежо месо, во овој маркет го надополнивме со најпознатите парчиња говедско месо Black Angus и Kobe, кои се најдоброто нешто кога станува збор за говедско месо, сочно, меко и интензивни вкусови.

Како прилог на овие сувомеснати и млечни деликатеси во „Деликатесен Тинекс“ ќе најдете голем избор на традиционални италијански тестенини, неодоливо вкусни чипсови, мармалади и голем број слатки.

За да го направиме вашето задоволство комплетно, во нашата винарија ги има најпрефинетите вина од целиот свет, кои се добро познати за сите страсни љубители на чаша добро вино.

„Деликатесен Тинекс“ се наоѓа во склоп на новата катна гаража „Тодор Александров“ на ул. Даме Груев во близина на старо Беко.

Објектот е купен по вкупна цена од 1.146.630 евра (со вклучен ДДВ) по пат на јавно наддавање за продажба на простор со комерцијална намена во рамките на катната гаража одржано на 15.12.2011, каде што „Тинекс МТ“ беше најповолен понудувач.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top