| четврток, 6 декември 2018 |

Парите ги потрошил во кладилница: Вработен во „Тинекс“ лажно пријавил грабеж

Вчера во 15.35 часот во ЕИК Скопје, И.О., вработен во маркетот „Супер Тинекс“, пријавил дека во 15.30 часот во Скопје на бул.„Партизански Одреди“ , додека носел ситни пари да ги депонира во банка, непознато машко лице со закана со пиштол му одзело околу 30.000 денари, по што избегало.

По преземени мерки од страна на полициски службеници и од извршениот разговор со И.О., истиот признал дека парите ги потрошил во спортска обложувалница.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top