Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, традиционално компанијата „Тинекс“ организира новогодишен караван кој претставува вистинска радост за најмалите дечиња од социјално ранливите категории.
Денеска украсениот новогодишен камион со пакетчиња и Дедо Мраз тргнаа на патување низ Македонија од пред Домот за деца без родители “11 Октомври” со порака дека секое дете треба да ја почувствува топлината и среќата на новогодишните празници.
Караванот во текот на следните денови во 50-тина установи како дневни центри, здруженија, училишта за деца со посебни потреби, заводи за рехабилитација и здравствени установи за грижа и згрижување на деца од ранливите категории ќе подели близу 2.000 новогодишни пакетчиња низ 12 градови во Македонија: Куманово, Тетово, Штип, Струмица, Неготино, Кавадарци, Струга, Гевгелија, Охрид, Прилеп, Битола и Скопје.
За да ги разубави новогодишните и божиќните празници на социјално ранливите групи во општина Пустец, Албанија, „Тинекс“ ќе реализира донација на 1150 прехрамбени пакети. Вкупната вредност на оваа донација е 615.000ден.
Новогодишниот караван е дел од активностите на платформата „Тинекс, ти и јас“, во чии рамки годинава се реализирани повеќе донации и активности во областа на здравството, образованието, спортот, заштитата на животната средина, културата и уметноста и кон социјално ранливи групи со вкупна вредност над 13.000.000 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.