Сопругата на Новак Ѓоковиќ привлекува големо внимание кај светските медиуми, а доказ за тоа е септемвриското издание на престижниот магазин „Вог“ во кој се најде нејзината приказна за венчавката со српскиот тениски ас.
Јелена Ристиќ за „Вог“ раскажува за нејзиното запознавање со Новак, хуманитарното ангажирање во нивната фондација, како и подготовките околу гламурозната венчавка.
Јелена својата венчаница најпрво ја барала на Интернет. Пробала различни стилови на фустани од светски брендови, меѓутоа сите биле прешироки за нејзината слаба фигура. Исто така, посетила неколку дизајнери во Париз и Лондон, но потоа ја запознала Сара Бартон од „Александар Меквин“, со која веднаш почувствувала добра вибрација.
Малку подоцна ја откриле венчаницата од соништата на Јелена. Фустан со крој како сирена, раскошно извезен со срма, со корсет во срцевиден облик кој суптилно ја истакнува фигурата. Но, тогаш Јелена дознала дека е трудна и дека на денот на својата венчавка ќе биде во шестиот месец од бременоста.
– Ова е прв пат да ми се случи такво нешто – раскажува Сара Бартон. Морало да се направат радикални промени на венчаницата за да добие изглед каков што на крајот имаше Јелена на денот на венчавката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.