| четврток, 6 декември 2018 |

Стоук ја искористи лошата форма на Њукасл

Во последниот натпревар од 6. коло во Премиерлигата, Стоук на стадионот „Британија“ го совлада Њукасл со 1-0.

Стрелец на единствениот гол беше Питер Крауч во 15. минута по асистенција на уште еден поранешен играч на Ливерпул, Виктор Мозес. Домаќините не ги искористија шансите да го зголемат водството, а тоа можеше да им се врати со лошо бидејќи гостите во самиот финиш на натпреварот ја погодија пречката.

Меѓутоа, на крајот тој еден гол беше доволен за Стоук да ги освојат трите бода кои ги одведоа до средината на табелата, односно на делба на седмото место со Манчестер jунајтед, додека, пак, Њукасл е закован на дното со само три бода.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top