Државната комисија за спречување на корупцијата достави до Основното јавно обвинителство иницијативи за поведување постапки за кривично гонење на неколку поранешни функционери.
Две иницијативи се однесуваат на поранешни градоначалници на општина Арачиново (Б.Б и М.Б.) и на други службени лица од оваа општина, кои биле одговорни за спроведување на постапките за јавни набавки, а доставена е и иницијатива од страна на Антикорупциска комисија и против поранешниот претседател на Советот за радиодифузија, З.С.
Иницијативата за кривично гонење на лицето М.Б., поранешен градоначалник на Арачиново во периодот 2005-2009 година, е поднесена и за други службени лица од општината поради основано сомневање дека во 2008 година, при постапка за јавна набавка за извршување работи – изградба на улици во Арачиново, не обезбедиле законито користење и заштита на средствата сопственост на општината.
Исто така, Антикорупционерите освен против поранешниот претседател на Советот за радиодифузија, поднеле иницијатива и за други одговорни лица кои во периодот 2006- 2011 година ја вршеле функцијата заменик претседател и членови на Советот, бидејќи постои основано сомневање дека ја злоупотребиле службената должност т.е. иницијативата за кривично гонење се однесува на наплатата за лиценца за вршење радиодифузна дејност.
Антикорупциска доставила иницијатива за кривично гонење и против двајца директори на Македонски железници и еден директор на средно училиште.
Станува збор за лицата Б.К., претседател на Управен одбор – генерален директор на Македонски железници Транспорт АД – Скопје, во периодот од 01.01.2010 година до 12.05.2010 година, и О.Д., претседател на Управен одбор – генерален директор на Македонски железници Транспорт АД – Скопје, во периодот од 12.5.2010 година до 31.12.2010 година поради сомневања дека сториле малверзации при спроведување јавни набавки.
Под соменние дека сторил кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување, Антикорупционерите поднеле инцијатива за кривичен прогон на С.С., директор на средното училиште „Георги Димитров“ во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



