| четврток, 6 декември 2018 |

Претседателот на Антикорупциска поднесе оставка

Претседателот на Антикорупциска, Игор Тантуровски си поднесе оставка, потврди лично тој за Телевизија 24. Тантуровски утрово ја достави оставката до Собранието. Првата оставка вчера ја поднесе членот на Комисијата Горан Миленков.

Оставките следуваат неколку дена по скандалозниот извештај од внатрешната ревизија  направена во комисијата која покажува дека дел од членовите фалширале патни налози за да земат повисоки суми за патни трошоци и ненаменски трошеле буџетски средства.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top