Парламентарното мнозинство побара од членовите на Антикорупциската комисија веднаш да си поднесат оставка поради злоупотребите, откриени при ревизијата на Управата за јавни приходи, објави порталот СДК.мк.
-Ако Антикорупциска не поднесе оставка, бидејќи не заслужуваат да останат понатаму ниту еден ден, тогаш парламентарното мнозинство ќе покрене постапка за разрешување на комисијата“, рече Фросина Ременски, потпретседател на Собранието од СДСМ на прес-конференција во Собранието.
Ревизијата се однесува на составот на Комисијата со претседателот Игор Тантуровски и членовите Фарие Алиу, Горан Миленков, Жаклина Дамческа, Најдо Спасевски, Сузана Таскова Аџикотарева и Сејди Халили, кои се на оваа функција во ДКСК од април 2015.
извор: СДК.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.